Хатиџе Муратова: Мојот најубав роденден

„Овој роденден ќе го паметам цел живот- ми рече Хатиџе Муратова, пчеларката од овчеполското село Бекирлија, ѕвездата на „Медена земја“, на „око“ сосема обична, по сфаќањата и широчина на душата – сосема необична жена.

„Дував свеќички на торта, ете за првпат, потоа бев на Попова Шапка, поминавме со Сузе Турунџиева прекрасен ден на снег, добивам честитки, убави, најубави желби од луѓето, знајни и незнајни. Јас сум многу среќна, и се што сакам за себе, сакам за сите- да се здрави, да имаат добри луѓе околу себе, спокој и кров над глава.“

Отворена кон луѓето, кон светот, излегувајќи од интерниот космос на своето село, преку силната порака од филмот- „како што јас споделувам со своите пчели, така и сите луѓе да споделуваат едни со други“, Хатиџе зрачи со благодарност и вели ова се многу бериќетни денови. Секаде е добредојдена, ги засакала луѓето од градот, и приоѓаат, кажувајќи и најлични , искрени зборови што и го топлат срцето.
Би сакала да и се случи и љубов, и на неа и на сите што се осамени, и повторно она нејзиното: „Сакам сите да сакаат и да се љубени.“

Хатиџе ги сака луѓето но често ги сонува пчелите: кога погледот ќе и заталка во далечина, сигурна е дека и тие мислат на неа.

Вања Тодоровска

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!