Традицијата продолжува, мисијата трае: осмото издание на Гастромак со веќе познато име: „Гастромак и пријателите“ започнува со предавањата и мастер класови на најпознатите Wacs судии (World Association of Chefs Societies- Светската асоцијација на готвачи).
Етаблирани готвачки имиња од екс -ју простори и пошироко: Уве Мишел, потпретседател на светската организација на готвачи Wacs, Вакс судиите и вистинските брендови во својата бранша: Изток Легат од Словенија,
Стево Карапанџа од Хрватска, Драгица Лукин од Хрватска, Жељко Невен Бремец- Претседател на Скмер, Дон Давид, Вуко Митровиќ од Црна Гора, Хамид Хаџиќ судија од Босна и Амбасадор на Скмер, Асан Даутовиќ, претставник на Гастромак, ќе одржат интересни предавања поврзани за готвачки брендови, најнови трендови во угостителство, висока гастрономија, креирање на сезонско мени, што е бранч и кога се служи, специфики на балканска кујна…
Мастер класовите ќе бидат со Драгица Лукин- пекарство и слаткарство, и со Жељко Бремец, Хамид Хаџиќ и Никола Мишковски а темата е Специјалитетите на куќа со локални продукти (риба, месо, зеленчук).
Инаку целта на Гастромак и пријателите е студентите да се мотивираат, да им се даде ветер во грб со унапредување на нашата гастрономска сцена, и идните кадри од Факултетот за туризам и угостителство- да останат во Македонија.
Предавањата се наменети за студентите на факултетот, но влезот е слободен и за сите што се заинтересирани за настанот.
Овој гастро-едукативен настан со познатите гастро- асови што ќе се случува на 9 и 10 октомври е во организација на Гастромак, Факултетот за туризам и угостителство во Охрид и Општината Охрид.
Гастромак упатува благодарност до Општина Охрид, Факултет за туризам и угостителство Охрид, Дела Нона, фабрика за десерти, хотел Милениум, хотел Гарден
Хотел Тино, ресторан Острово- Свети Наум, хотел Скај Корнер, хотел Су, ресторан Биљанини извори, хотел Белведере, хотел Инекс Горица, комплекс Етно Село Тимчевски, винарија ,,Камник”, ресторан Ана-Марија, ресторан Ноа, етно ресторан Света Петка Велгошти, етно ресторан Софра-Патишка река, винарија Парагон, винарија Манастири, на сите што ја дадоа својата поддршка за реализацијата на настанот што ќе има голем значај за развојот на угостителството и туризмот во Македонија.
Коментарите се затворени