2.8 C
Skopje
сабота, февруари 1, 2025
spot_img

Заврши Slow Wine Fair 2023: Виното го прави животот поубав

Заврши тридневна манифестација Slow Wine Fair 2023 – Меѓународен настан посветен на добро, чисто и правично вино, што беше лоциран во Болоња, на кој се преставија наши 12 семејни винарии.
Слоу Фуд Македонија на винската сцена на „Slow Wine Fair 2023“ ги презентираше следните винарии: „Наумчеви“, „Мал Св. Климент“,„Клинчаров“, „Цветановиќ“, „Ерос“, „Изворно“, „Јостела“,„Арабеска“,„Сарика „Иванов“,„Максимилијан“ и „Подрум Параџик“.

Индивидуално, ама сплотено, секој на свој начин, како амбасадори на земјата, винарите, вински, скоро витешки ги бранеа боите на Македонија. Привилегија беше да си Македонец на саемот за вино во Болоња.

Нашите винари се едногласни во сознанието дека настанот многу им помогнал да се споредат со другите, да ги одмерат „силите“, споредат вкусовите, некои од нив почнаа да размислуваат на тема- шампањ, да планираат- чекор понатаму и секако да уживаат во интеракција со дегустаторите. Патем, саемот на виното во Болоња беше првиот сериозен чекор кон винскиот туризам, промовирање на автохтоните сорти на грозје и на традиционалните и одржливите техники на производство.

За големиот интерес на Slow Wine Fair 2023 зборуваат бројките: беше посетен од над 10.000 гости, од кои половината беа индустриски професионалци од Италија и странство, во трите дена се промовираа вината од 21 земја, (Австрија, Аргентина, Хрватска, Бразил, Чиле, Чешка, Франција, Германија, Грција, Италија, Северна Македонија, Перу, Португалија, Шпанија, Уругвај..,), имаше 750 винарии, 4000 етикети, над 300 сертифицирани органски или биодинамични винарии, што во италијанската панорама, поради почитувањето на критериумите на Манифестот на Слоу Фуд (добро, чисто и правично вино) се третира како еден од највлијателните настани што ја обоија Болоња во боите на виното.

Настанот се реализира со финансиска поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Слоу Фуд Интернационал, како и со логистичка поддршка na македонската заедница во регионот Емилија-Ромања.

Вања Тодоровска

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена