Оваа година ќе биде добра за сите родени во годината на Стаорец: 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008 и 2020.
Луѓето од овој знак ќе напредуваат скоро во сите аспекти на животот, сеедно дали е тоа кариера, љубов, пари или окружение.
Може да се каже дека за Стаорците ова е година на љубов. Внимавајте- флертувањето може да ве донесе до слепа уличка а од таму нема враќање. Што се однесува до парите, годинава ќе ги зголемите приходите, исто така, игри на среќа- лотарија на пример, можат да ви го освежат семејниот буџет. Но најважно од се е: дадете се од себе и немојте да сте мрзеливи, во спротивно, се убаво што го набројавме- нема да важи!