Во Бејрут, Либан, во театарската сала на Casino Du Liban, во организација на Style Events се одржа изборот за Мис на Европа за 2023. Нашата држава ја претставуваше 24. годишната убавица Моника Црнокрак која успеа да ја освои титулата Мис Фотогеничност (Miss Photogenic), во конкуренција на 35 девојки од исто толку европски држави.
Победничка, односно Мис на Европа за 2023 е претставничката на Италија, а Прва придружничка е кандидатката од Русија.
„Во Либан поминавме прекрасни две недели со другите кандидатки од цела Европа во подготовки за големото финале, но и со многу забави, дружење и прошетки низ целиот Либан, кој на мене остави навистина фантастичен впечаток. Пресреќна сум поради титулата која ја освоив за мене, Македонија и Модното студио Црнокрак, ова e едно прекрасно искуство кое сигурно кје го паметам цел живот”, изјави веднаш по финалето од Бејрут нашата Моника, која е ќерка на Светлана и Мики Црнокрак, сопствениците на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој најголем европски избор за убавина.