10.8 C
Skopje
четврток, јануари 30, 2025
spot_img

Фотогалерија. Јубилеј на театрот „Ulysses“ на Ленка Удовички и Раде Шербеџија

Театарот „Ulysses“ на Ленка Удовички и Раде Шербеџија, со вчерашниот концерт покрај море, на Мали Бриони (Хрватска), каде што е сместен, го означи 20. годишен јубилеј.
На овој исклучителен настан, поради состојбата со пандемија, нештата беа поинакви но сепак величенствени и големи во артистичкиот наплив.
Домаќинот Раде Шербеџија со „Јужни колодвор“ сцената ја делеше со гостите – Влатко Стефановски, Дарко Рундек, Габи Новак и Матија Дедиќ, Давор Урбан, Мими и Луција Шербеџија.

Раде Шербеџија и Влатко Стефановски

Давор Урбан

Габи Новак, Матија Дедиќ, Влатко Стефановски и домаќинот Шербеџија


Актерите и музичарите од целиот свет, сите оние што се вградија години наназад во биографијата на овој театар, преку видео- бимот, на големото платно се јавуваа во живо а на публиката и беше претставена ретроспективата на 2 децении работа.

7дена.мк
Фотографии: Фејсбук и Инстаграм

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена