Добри страни
-Јаткастото овошје е богат извор на витамини и минерали, како витамин Е, Б, калциум, магнезиум, железо, селен, бакар и фосфор.
-Содржат многу протеини.
-Богато е со хранливи влакна и масни киселини. Оревот е богат со Омега- 3.
-Го намалуваат холестеролот во крвта
-Богати се со состојки кои штитат од камен во бубрегот, а истражувањата покажуваат дека честото конзумирање на јаткестото овошје го намалува ризикот од оваа болест.
-Луѓето кои јадат јаткастото овошје барем пет пати во неделата имаат 35 проценти помали шанси да заболат од срцеви болести.
-Кикиритките го намалуваат холестеролот во крвта, помагаат во спречување на дијабетесот. Се препорачуваат нелупени, бидејќи така содржи повеќе витамини и минерали.
-Добри се за видот и го намалуваат ризикот од појава на очни болести.
Лоши страни
-Содржат маснотии и многу се калорични.
-Многу луѓе се алергични на некои или пак на сите јаткасти плодови. Обично алергијата од нив останува цел живот, а алергиските реакции може да бидат опасни.
-Ова овошје содржи оскалати кои доколку се во големи количини може да се претворат во камчиња во бубрезите.
Фото: Pixabay
Коментарите се затворени