15.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

„Гастромак и пријателите“: Предизвик за идните готвачи, да не ја напуштаат татковината

Заврши седмиот Гастромак, годинава носталгично насловен со „Гастромак и пријателите“, едукативна тура за учениците во Штип и Струмица, со што е исполнета целта, преку предавањата и мастер класовите на етаблираните готвачки имиња од екс -ју простори и пошироко, да се унапреди нашата гастрономска сцена, и како што кажа претседателката на Гастромак, Адријана Алачки, идните готвачи да останат во Македонија.
Стево Карапанџа, Изток Легат, Томаж Возељ, Драгица Лукин, Ѓорѓе Костиќ, Вуко Митровиќ, Дон Давид, и почесниот гостин, Уве Мишел, Потпретседател на светската организација на готвачи Wacs, порачаа дека имаме база за одличен кадар и дека нашата земја со традиционалната кујна, ама и со она по што најмногу се препознаваме- овошјето и зеленчукот, можеме да им конкурираме на готвачки „етаблираните“ земји.

Инспирирани и секогаш на нивото на задача, гастрономските бардови држеа предавања во СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип, поврзани со Светска Гастрономска асоцијација Вакс, за хотелската индустрија, угостителство, работата на готвачите…Потоа: што е најважно кога ќе се стане готвач, правила на работа и за готвење на меѓународни натпревари, и како истите да се имплементираат ако стандардите во кујната не се задоволувачки, бидејќи ова е честа појава кај нас во Македонија.
Предавањата ги држеа најпознатите шефови од екс- ју простори ама и пошироко: Изток Легат, Томаж Возељ, Стево Карапанџа, Дон Давид, Драгица Лукин, Ѓорѓе Костиќ, Вуко Митровиќ…

По работниот старт кој помина со добра мисла и уште подобра атмосвера, гостите го посетија Лесновскиот манастир, имаше и пикник организиран од Здружението на пензионерите Пробиштип, а насмевка на лица предизвика настап на КУД „Распеани пензионери“. „Незаборавни моменти што никогаш нема да ги заборавиме- ни кажаа гостите на Гастромак.

Работата понатаму продолжи во Струмица, во СОУУД „Димитар Влахов“. Преку своите инспиративни биографски приказни најголемите гастрономски асови, вистински ѕвезди во гастрономијата посочија колку е тешко, но истовремено и прекрасно да се носи бела готвачка униформа која им овозможила стекнување на знаења и искуства од целиот свет.
Учениците се запознаваа со гастрономија како наука, колку образованието влијае врз развојот на гастрономијата и туризмот во светот, како да се добие Мишелин ѕвезда…Голем интерес предизвикаа мастер класовите – како да го креирате вашиот бренд во гастрономијата, основните разлики помеѓу модерната и традиционалната кујна, тајните на медитеранската кујна…Предавањата ги држеа најпознатите шефови од екс- ју простори ама и пошироко: Дон Давид дојде од Русија и ја раскажа својата сторија за создавање бренд, потоа ги слушнавме Изток Легат, Томаж Возељ, Стево Карапанџа, Ѓорѓе Костиќ, Вуко Митровиќ, Драгица Лукин ги демонстрираше пред учениците највкусните благи и солени теста, додека Никола Мишковски ги претстави сите адути на медитеранската кујна.

Во презентација на нашата претпознатлива гостољубивост во најубави сеќавања ќе останат Love by Allikas, каде со традиционалните гастрономски егзибиции беа пречекани гастрономските асови и секако Вила Парк во Струмица, каде Иван и Милка буквално се надминаа себеси.
И уште нешто: кога ќе добиете комплименти дека тука храната е превкусна, а кога тоа го кажуваат етаблираните готвачи, е тогаш гордоста е голема.
Македонијо, чудесна си!
„Гастромак и пријателите“ неслучајно го има овој наслов, бидејќи во петдневното дружење се почувствува неверојатна сплотеност помеѓу домаќините Адријана Алачки и Бесим Латифи со гостите Стево Карапанца, Уве Мишел, Изток Легат, Томаж Возељ, Дон Давид, Ѓорѓе Костиќ, Вуко Митровиќ и Драгица Лукин. Токму тоа е главен двигател за иднината: се гледаме на Гастромак 2024.

Вања Тодоровска

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена