Browsing Category
Некатегоризирано
Chef Маре Јаневска: Празнично мени со костени
Доколку сакате да ја избегнете класиката на маса (читај- руска салата, кифлички и прасечко) Шеф Маре Јаневска, препознатлива по префинетоста во рецептите, ви предлага нешто поинакво, оригинално и вкусно. Топла салата со костени и панцета за 2 лица Потребно е: 100г. печени и исчистени костени 100г. варена пченица 100г. варен басмати ориз 80г. панцета 1 главица кромид 2 млади лукчиња 1 јајце 1 лажица путер 3 лажици масло за готвење Неколку гранчиња свежа мајчина душица Сол, бибер, балсамико крема. Варените пченица и ориз се…
Утре во Битола: Новогодишeн џез концерт „Приказна за еден град“
„Приказна за еден град” е овогодинешниот новогодишен џез концерт на Jazzna & Friends, што ќе се одржи во Битола, Центар за култура во Битола на 26-ти декември, четврток, со почеток од 20:00 часот. На настанот ќе настапат извонредните музичари Џон Илија Апелгрин, Оливер Јосифовски, Дамир Имери, Славчо Коцев, Ади Имери, Сенад Хусеин, Рики Трајановски и Демир Кантуровски кои заедно со вокалистката Јасна Димитровска ќе направат вистинска џез бајка од познати "кавери" изведени во џез манир. Каков ќе беше животот без џез,…
ПОЧНУВА НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКАТА КУЈНА ВО СВЕТОТ А И КАЈ НАС: BUONO APPETITO!
Како секаде во светот така и кај нас, на задоволство на огромната армија „италијански хранољупци“, почнувааат највкусните Италијански денови. Амбасадата на Италија, во рамките на Неделата на Италијанска кујна, (18-24 ноември 2019), организира серија на настани со кои се промовираат италијанската етно-гастрономска култура и традиција, со посебен акцент на богатството на специјалитети и состојки типични за италијанските региони, нивната историја и традиција. Станува збор за иницијатива од светски рамки, организирана под…
Сe` од карфиол, брзи рецепти
Запечен карфиол Состојки: 500 г карфиол, 100 г сланина ,100 г кашкавал, 400 мл павлака, 50 г путер, 1 чешне лук, 2 лажици лебни трошки. Карфиолот се дели на цветчиња и се става во солена вода да омекне. Тавата за печење се мачка со путер, се додава сечкан лук, па одозгора се става карфиолот исцеден од вода, потоа сланина, кашкавалот и се зачинува. Настрана се меша павлаката и со оваа смеса се полева карфиолот - најгоре се ставаат лебните трошки и се пече во загреана рерна. Чорба од карфиол Потребно е: 400 грама карфиол,…
Како се „лути“ Зодијакот: Бегајте од Јарци- прават сцени и полудуваат
Овен Овните се нарекуват бебиња помеѓу хороскопски знаци, бидејќи експресно се лутат и се гневни. Исто како малите деца- нивните гневни испади се вообичаена работа по цели денови. Од друга страна, она што навистина е големо разочарување за Овен е некој да се однесува авторитативно со него. Неорганизирани работи и монотонија исто така ги вадат од колосек. Бик Не е лесно да го налутиш, но ако се случи, подобро бегај што подалеку. Претставниците на овој знак полудуваат кога некој ќе се обиде да ги турне од врвот.…
Како да ги украсите јајцата?
Пред варење и пред ставање во боја, јајцата може да се завиткаат со некое ливче или со тревка во најлон-чорапи, да се врзат цврсто, така јајцата изгледаат многу убаво. - пред варењето, јајцата може да се ишараат со жива жолчка. Употребете тенка четкичка или стапче.Јајцата веднаш спуштете ги во водата за да не се расипат деталите. Може да нацртате нешто интересно или да напишете порака на која ќе има и име - јајцата може да ги ишарате и ако им ставите неколку ластичиња за тегли. Потоа обојте ги со стандардна техника, а…
Елена Реи заштитно лице на козметичката куќа La Mer
Елена Реи која успешно работи во светот и е една од малкуте македонки кои работат со светските брендови. Покрај соработката со Diane Von Furstenberg - DVF, e-comm каталози за Lou & Grey, Donna Karran - DKNY, Елена имаше две насловни за модниот магазин Vulcanize и стана заштитно лице на козметичката куќа La Mer. Откако минатата година напорно работеше во Токио и Њујорк, пред извесно време отпатува за Азија каде ќе престојува се до летото. Нејзиното модно портфолио е големо богатство и багаж кој ќе и овозможи понатамошна…
Тања Турунџиева: Што треба да консумира доилката
Откако на свет ќе го донесе бебето, мајката во првата година мора да внимава што ќе внесува, бидејќи преку мајчиното млеко се внесуваат сите корисни елементи за здрав и правилен развој. Прво и основно за квалитетно млеко е мајката да биде одморена, да не е нервозна, бидејќи преку млекото ја пренесува и нервозата, да прави селекција во исхраната за бебето, да нема проблеми во однос на атопиите, односно алергиски реакции што се јавуваат. Нормална е појавата на коликите, односно на грчевите кај бебето, затоа што му се…
Зошто лажеме? За да не повредиме со вистината
Колку пати сте кажале - изгледаш супер, а тоа воопшто не сте го мислеле. Можеби сте сакале да ја расположите пријателката која подолго време е во депресија, сте му го кажале ова на шефот - надевајќи се на некој поен плус, или, едноставно, менувајќи го тонот на гласот, сте ја упатиле реченицата до колешката која и не ви е толку мила. А години? Па денес ретко кој ја кажува вистинската бројка, ама тоа се смета за шармантна и корисна лага. Ама, што е она во нас што не` тера да лажеме? Дали сите лаги се исти и дали навистина…
Согорувачи на масти (3) – Сурутка
Дејство- во сурутката се наоѓа големо количевство на вода па затоа содржината на калории и масти е многу мала. Таа содржи и големи количини на калциум, калиум, белковини и витамин Б2 кои го олеснуваат разградувањето на мастите и секако го зајакнуваат имунолошкиот систем. Совет- сурутката ја има и во прав, во кој само треба да се додаде вода.