-1.2 C
Skopje
вторник, јануари 20, 2026
spot_img

Недела на италијанската кујна: Вечера со белисимо шмек на јужна Италија

Ова се денови на гастрономско празнување, недела на италијанската кујна во светот а и кај нас, а вчера, во ноќта резервирана за новинари и блогери (ден втори), во Distrikt bar & kitchen во Hotel Marriott се случи SHOW COOKING за нас што ги љубиме специјалитетите на сончевата медитеранска земја.


Како што веќе информиравме, Неделата на италијанска кујна беше поводот Амбасадата на Италија да организира настани на различни локации со кои се промовираат италијанската етно-гастрономска култура и традиција, со посебен акцент на богатството на специјалитети и состојки типични за италијанските региони, нивната историја и традиција.
Станува збор за иницијатива од светски рамки, која се прославува во 130 земји во светот со преку 1.000 настани. Еве што се случуваше вчера кај нас.

Бидејќи ова, четвртото издание на италијанска кујна е поврзано со гурманлуците на Јужна Италија, готвачите од Салерно презентираа рецепти, типични за овој регион. Така, во првиот дел доминираа карактеристиките на Сицилија- кашкавал, моцарела, пекорино сирење, маслиново масло, класиката: лук, помидор, лимон и „звецкање“ на винските чаши со кои гостите наздравуваа и се дружеа.


Всушност, тоа е и нитката поради која сите сме навлечени на оваа кујна- дружба, уживање во храна и чувството на припаѓање.
Во продолжение е галеријата на вчерашната вечера. (В.Т.)

Starter


Ricotta cheese flan with lemon andfondue of “caccicavallo podolico cilentano” cheese
Firist course


Camaroli rice risotto with saffron and Amalfi lemon
Main Dish


Rolled veal with artichoke and mint on straw potatoes
Dessert


Аlmond&cilento D.O.P figs, white lava cake on orange and “Strega” liquor sauce

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена