Browsing Category
Промоции
Лоба и Her Line ја лансираа спортската шик лајфстајл линија за сезона пролет/лето
Македонскиот бренд Her Line заедно со пејачката Викторија Лоба како бренд амбасадор и сега за прв пат во улога на креативен дизајнер, ја претставуваат новата модна колекција за сезоната пролет/лето '23 “Blooming Monochrome” лајфстајл линија за жени и девојки. Спортскиот шик и минимализмот се главниот печат на линијата “Blooming Monochrome” и секако дека во неа се вметнати и најновите трендови како карго џебови и миди здолништа, што ја прави совршена за модерните жени кои сакаат да изгледаат добро и да се чувствуваат удобно.…
Чартер лет од Скопје до Ларнака: Нов предизвик до прекрасниот остров Кипар
Прв директен чартер лет од Скопје до неверојатната туристичка дестинација Кипар за летниот одмор за 2023. Од Скопје до Ларнака патниците и љубителите на летниот одмор ќе патуваат со Balkan Holiday Air, водечка авиокомпанија во регионот, почнувајќи од 20 јуни па се до 22 август 2023 година. Летот ќе биде дневен чартер лет, обезбедувајќи максимална удобност и уживање за патниците. Најавата беше дочекана со голем ентузијазам и од туристичката индустрија и од туристите. Како и секоја чартер програма по стигнување на аеродромот…
Во пресрет на промоцијата на „Скопска“, химна за сите боеми
Кристијан Лукаров, во среда (1 март) во култната кафеана „Кај Вршац“ ќе ја промовира песната и спотот насловена како „Скопска“. Вистинска емотивна приказна за неговиот татко, за музиката како дар од бога, која спојува, отвара патишта, ги светнува очите и светот го прави поубав. Лукаров работи како музички педагог, но има многу години искуство во естрадниот свет, свирките и воопшто музиката. „Скопска“ е правена во манир на староградска балада, нежна приказна поврзана со боемштината и некогашните боеми а комплетен автор…
Излезе новиот број на „Полжавче“ – списание за училишните активности на Слоу Фуд Македонија
Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број на списанието за училишните активности на Слоу Фуд Македонија, „Полжавче“. Станува збор за списание кое првпат е овјавено во 2020 година во рамките на програмата Слоу Фуд Училишни градини која има за цел подигнување на свеста кај чинителите на образовниот процес од важноста на воведување на градинарството во рамки на образованието и формирање на училишни градини. Досега во оваа програма се вклучени дваесет училишта од Македонија. Воведот во списанието напишан на…
Сале – СРВ за „скршените срца“ во рок баладата „Зошто да ти верувам?“
Македонскиот рокер и познат музички менаџер, Сашко Андриески, попознат како Сале – Рокер или Сале СРВ, по последните свои песни и неколку кавер верзии, како оние на познатите хитови на Галија или Азра, има нова авторска песна. Задржувајќи го својот препознатлив рокерски стил, овој пат македонскиот музичар ја промовира својата рок блада насловена „Зошто да ти верувам?“ Останувајќи доследен на својата музичка определба, македонскиот рокер овој пат лириката во љубовните стихови напишани заеднички со стариот проверен лиричар…
ЈК Травел, новиот стратешки партнер на СОС детско село
„Од секој уплатен аранжман ќе бидат донирани средства во СОС Детско село, за децата кои се згрижени во оваа организација да имаат поквалитетен живот, потенцираа од Агенцијата ЈК Травел кои официјално го потпишаа договорот со СОС Детско село за кампањата „Ти летуваш, ЈК Травел донира“ која ќе трае до 22 јуни 2023 година. - Секоја донација за нас е важна и потребна за обезбедување на квалитетна грижа и поддршка за 460 деца кои мометално се со подршка од СОС Детско село. Партнерството и соработката со ЈК Травел е показател за…
Јубилеј на битолската група „Милениум“, со серенада „Ќе те шетам по Широк сокак“
Битолската група „Милениум“ која постои веќе 20 години на сцената во овој регион, направи песна автентична за овој крај, песна на која заедно со целата екипа потрошија многу време и енергија, посветија големо внимание и љубов запишани во песна, па потоа визиуелизирани со видео автентично за стиховите и музиката на оваа нумера. Градската серенада „Ќе те шетам по Широк Сокак“ беше неодамна промовирана и е посветена на нивната Битола. „Како битолска група сакавме на некој начин да му се оддолжиме на градот, а со што друго ако…
Македонски музички ѕвезди со изведба на Insieme
Голем број на македонски поп и фолк изведувачи се обединија за заеднички да ја препејат песната Insieme („Заедно“), како дел од иницијативата на ЦИВИЛ Медиа за промоција на европските вредности, градењето на општествената кохезија и полноправното членство во Европската Унија. Во аранжман на Владимир Дојчиновски – Дојчин и Давор Јорадновски, македонскиот дел е дело на Борче Нечовски, песната ја изведуваат Тијана Дапчевиќ, Кристина Арнаудова, Никола Перевски – Пере, Елена Петреска, Елена Велевска, Зуица Лазова, Анастасија…
„Крајот песна пишува“, новата песна на Александар Ристовски
„Крајот песна пишува“ е вториот сингл на велешанецот Александар Ристовски. Музиката и аранжманот за оваа моќна балада ги направи самиот Ристовски, текстот е дело на Огнен Неделковски, а режисерската палка за видеото на овој проект му припадна на Даниел Јовески. - Ги следам музичките трендови и важно ми е кој тим стои позади еден музички проект. Чест е да се соработува со текстописец како Огнен Неделковски и режисер како Даниел Јовески. Нивната работа ја следам уште од времето кога живеев во Македонија и аматерски се…
Каспер во Лондон го отвори „N1, Coffe&Restaurant“
Игор Атанасов, помеѓу пријателите познат по прекарот Каспер, шеф, кој во својата 20. годишна кариера има работни искуства во Клиниката на Жан Митрев, „Спа“ во Беверли Хилс, ресторан- пицерија „Фуфо“, „Фурна“ и „Далма“ кетеринг), неодамна со Љупчо Велков го отвори ресторанот „N1, Coffe&Restaurant“, ни помалку ни повеќе туку во Лондон. Ова е навистина голем предизвик и уште поголем мотив да успее во Англија. - Имам доволно готвачко искуство да се обидам во Лондон, во меѓувреме станав и судија на „Гастромак“ а оваа година…