Browsing Category
Дом и семејство
Шеф Игор Каспер. Јоркширски пудинг, вообичаен англиски гарнир
Јоркширскиот пудинг е печен пудинг направен од тесто од јајца, брашно и млеко или вода. Станува збор за вообичаено британско гарнирче, тоа е разновидна храна што може да се служи на многу начини, во зависност од нејзините состојки, големината и придружните компоненти на оброкот. Како прво јадење, може да се сервира со сос од кромид. За главно јадење, може да се сервира со месо и сос, и е дел од традиционалното печено во недела, но може да се наполни и со храна како што е тресне, на коцки сечкан зеленчук, каша за да се…
Шеф Игор Каспер: Англиско мени- Неделно печено (Sunday Roast)
Неделното печено- Sunday Roast, што се јаде и во делник, стана познато за време на владеењето на кралот Хенри VII во 1485 година кога Британците консумираа значителна количина месо. Инаку, Yeomen of the Guard - кралските телохранители - се познати како „Beefeaters“ од 15 век, поради нивната љубов кон печеното говедско месо. Во 1871 година, Вилијам Кичинер, автор на „Apicius Redivivus: Or, The Cook's Oracle“, препорача да се консумираат 6 килограми месо неделно, како дел од здравата исхрана. Киченер, исто така опишува како…
Еве зошто се корисни јајцата
Добрите страни -ги содржи витамините А, Д, Е, Б1, Б2, Б6 и Б12. Единствениот витамин кој недостига во јајцето е витамин Ц. -содржи минерали, железо, цинк, калциум, селен и јод. -јајцето е еден од најбогатите извори на протеини. -добри се за видот. -добри се за мозокот бидејќи можат да ја подобрат меморијата и когнитивните вештини.
Шеф Игор Каспер: Англиски „Капетанови палачинки“
Палачинките се омилени на секој дел од планетата па и тука во Лондон. Сепак, англиските палачинки се разликуваат од американските: тие се многу потенки и не содржат квасец. Многу се поблиску до францускиот крем, но по форма се малку подебели. Традиционално, англиските палачинки се служат на Велики вторник, но се уживаат во текот на целата година. Најдобро се сервираат директно од тавата, тука ќе употребите фантазија и ќе ги следите желбите на домашните. Во мојата куќа трката е да се обидам да ги направам побрзо отколку што…
Шеф Игор Каспер, ексклузивно од Лондон: Сте пробале ли „јакна компир“- (Jacket pоtato)?
„Јакна компир“, печен компир, познат во некои делови на Обединетото Кралство може да се служи со различни филови, додатоци или зачини како што се путер, сирење, павлака, сос, тавче грав, па дури и мелено или говедско месо...Некои сорти на компири, како што се Русет и Кинг Едвард, се посоодветни за печење од другите, поради нивната големина и конзистентност. И покрај популарната заблуда дека компирот дебелее, печениот компир (особено со лушпа) и тоа како можеможе да биде дел од здравата исхрана. Пред да се готви, компирот…
Мојата Кујна: Чорба од кисела зелка
Не така одамна, кога по дома бевме сите на број, во едно џиновско буре, татко ми киселеше зелка. Тоа беше процедура што со години стана традиција и ритуал - купување од „најдобрата зелка од Бардовци“, марифетлуци, сечњече, правење, пустење... Инаку, тоа буре беше апсолутно волшебно и јас нагалено го нарекував „здравец“: во зима пиевме царска, како боена розе расолница, се давевме во сарми и подварок и во нешто навистина посебно- чорба од кисела зелка. Се сеќавам на ликот на татко ми кога го опишуваше вкусот на чорбата-…
Шеф Игор Каспер ексклузивно од Лондон. Морков торта (Carrot Cakes)
Постојат неколку извори врзани за потеклото на „морков торта“. Објавен во 1591 година, постои англиски рецепт за „пудинг во коренот на морков“ кој во суштина е полнет морков, но со месо, ама вклучува многу елементи, заеднички за современиот десерт: крем, јајца, суво грозје..., засладувач (урми и шеќер), зачини (каранфилче и боздо), нарендан морков и презла (наместо брашно). Многу историчари за храна веруваат дека колачот од морков потекнува од такви пудинзи од моркови што ги јаделе англичаните во средниот век, кога шеќерот…
Шеф Игор Каспер ексклузивно од Лондон: Викторија чаен, кремаст колач
Пандишпанот беше еден од првите видови колачи што се прави без квасец, а терминот „пандишпан“ доаѓа од „отвореноста“ на тестото слично на сунѓер. Тој стана врв на британската култура на храна благодарение на Ен Расел, седмата војвотка од Бедфорд и, се разбира, на самата кралица Викторија. Во 19 век, „висок чај“ односно вечерниот оброк се пиел околу 20-21 часот, а Ана често се жалела дека е гладна околу средината на попладневните часови, бидејќи тоа било долго чекање помеѓу ручекот и чајот. Поради тоа, таа побарала да и…
Шеф Игор Каспер ексклузивно од Лондон: Целосен англиски појадок (Full English Breakfast)
Овој појадок е многу популарен во Велика Британија и Ирска, па многу кафулиња и пабови го нудат оброкот во секое време од денот како „целодневен појадок“.Популарен е и во многу нации на Комонвелтот и е меѓу најпознатите меѓународно признати британски јадења. Инаку, идејата за англискиот појадок како национално јадење датира уште од 13 век во селските куќи на благородништвото. Во старата англо-саксонска традиција на гостопримство, домаќинствата обезбедувале обилен појадок, за посета на пријатели, роднини и соседи. Пржениот…
Шеф Игор Каспер ексклузивно од Лондон: Eggs Florentine
Овој неверојатен вегетеријанско - англиски рецепт со јајца ќе ви помогне да го совладате и засакате ова класично јадење за појадок. Станува збор за воздушеста комбинација од меки англиски мафини, или тостиран леб со спанаќ, кој може да е свеж, ситно сечкан или пржен, заедно со пржени или поширани јајца и Холандес сос и со ситни парчиња сирење. Појадокот што ви го предлагам може да ви послужи за враќање на енергијата, бидејќи изобилува со протеини и железо. За декорација може да се додаде сушен ментол, кој дава свежина на…