Browsing Category
Дом и семејство
Здравје и слабеење со диња
Здравје Дињата е прилично богата со витамин Ц, а некои видови се богати и со витамин А, кој е присутен во форма на бета-каротин. Содржи и други витамини и минерали, иако во помали количини: тијамин, нијацин, витамин Б-6, фолна киселина, пантонинска киселина, железо, магнезиум, бакар, калиум, манган, фосфор. -Водата и калиумот ја поттикнуваат работата на бубрезите, помагаат за отстранување на штетните материи од организмот, а калиумот има и благотворно влијание кај лица со висок крвен притисок -Поради голема количина на…
Мојата кујна. Мераклиски питулици со брашно од хељда
Сакам да каснам нешто месено, пита, питулица, „шодае“ и со денови се борам со овој гастрономски хедонизам. Дали и другите на плус 40 степени, на оваа невидена горештина имаат таква луда желба, мислам- им се јаде „најопасното“ или јас сум терсене? Затоа решив да направам компромис: ќе месам и здраво и вкусно: питулици со брашно од хељда. Хељда е здрава псеудожитарка и, да, со неа успешно се слабее, добра е за дијабетичари, за срце, и пребогата со витамини и минареали: магнезиум, бакар, цинк, железо, селен, калиум и витамините…
Гламурозната Пандора, вашата нова голема страст
Чоколадната „Пандора“ е торта за „сериозна врска“. Навистина. Ќе ви се допадне по изодена „чокохолик“ километража, откако ќе се заситите од предвидливи вкусови и кога непцето ќе ви биде подготвено за нешто децентно и со полн „taste“. Така од прва се опишува оваа префинета торта создадена од прочуеното белгиско чоколадо и со неколку симболички значења на името. Инаку, Пандора е првата торта од семејството на Chocoholic, ја има во ресторанот Forza Wine Bar &Restaurant и во сите маркети на Веро. Се препознава по елегантен…
„Феникс“ е безбедна дестинација за своите жители
Пензионирањето изгледа одлично: имате многу слободно време за патување, ново хоби и поврзување со пријателите. Но, ако сте како многуте постари лица, вашето пензионирање можеби нема да биде толку исполнето како што некогаш сте замислувале. - Преселувањето во дом за постари лица нуди возбудливо ново поглавје во животот на една личност. Без разлика дали сакате да го вкусите добриот живот во безбедна средина или ви треба помош при секојдневните активности, нашите домови за стари лица „Феникс“ постојано се менува за подобро да…
Мојата кујна. Мусака со макарони и тиквички
Работен ден е, има сонце, значи се опремивме со добро расположение, а тиквичките се пристапни и за поголеми готвачки „потфати“. Оваа мусака е идеална за доцен ручек и рана вечера, кој како милува. Мусаката ја правам без брзање, мераклиско - домаќински, ми се залепи вкусот за непцето уште пред некоја година, во едно мрзливо декадентно лето. Лесна е и вкусна со „претставителни“ парчиња. Одиме вака: првин тиквичките ги сечам на тркалца и ги запекувам во рерна, мастрафот е малку сол и некоја капка масло на секоја. Макароните се…
Мојата кујна. Безгрижен леб
Овој леб не се меси, затоа и го нареков безгрижен. Можеби и не е леб туку погача, не е важно. Најважно е што е како магнет- го правите еднаш и потоа ви станува неделен ритуал. И повторно, се е од око- ги мешам „сите“ брашна што ќе ги најдам дома, најчесто се тоа пченично и хељдино, понекогаш имам и пченкарно, додавам едно изматено јајце, малку сол и шеќер, сув квасец од кесичка и лажица, две павлака. Сетоа тоа го мешам со негазирана флаширана вода а тестото треба да наликува на густа, најгуста смеса за палачинки. Додавам и…
Мојата кујна. Сармички со блитва
- Зошто со блитва, повообичаено е сармичките да се со штавељ, или винова лоза?- ме прашува една другарка. - Едноставно е, велам, - на безбеден терен си со блитва, листовите се поголеми, „покомотни“ и многу е полесно да се виткаат сарми. Еве како јас правам сарми во „зелен костум“. Првин одбирам неколку китки блитва, пожелно е да имаат убава светло зелена боја, така знам дека е млада и дека лесно ќе се витка. Додека го правам филот- пропржувам младо кромитче, мелено месо, ориз, зачинувам.., ги потопувам листовите во млака,…
Мојата кујна. Смилевски комат
Месењето ме опушта. Тоа е мојот ритуал што ми носи среќа а реално гледано, кога ќе влезам во „филмот на питите“ јас ги усреќувам сите околу мене. Звучи самобендисано, но скромноста: другите да забележат и пофалат, ја оствив во претходниот живот. Значи, време е за комат и тоа смилевски, затоа што го вкусив во моето најубаво Смилево и затоа што ми асоцира на безгрижноста. Го правам коматот од око, ништо не мерам а базата ми е брашно, вода, сол, квасец, ронка шеќер и прашок за печиво. Најважно е тестото да биде меко. Ги мешам…
Мојата кујна. Ќофтиња со тиквици
Што се не се изнаслушав за тиквици: не се калорични а се вкусни, плус се корисни до бескрај: ги имаат витамините А, Ц, К, имаат магнезиум, добри се за срце, за очи, милина да ги јадеш. Затоа ги правам овие ќофтиња, без грижа на совест. Процедурата е следна. Се рендаат неколку тиквици а јас, за да ми биде пошарено додавам и рендани моркови, посолувам и чекам неколку минути, да ги исцедам убаво- така обликувањето е полесно. Во овие ќофтиња додавам лажица брашно, лажица презла, сечкан лук (многу) и јајце, за да ја врзе смесата.…
Мојата кујна. Палента со спанаќ
Предлог за убава, лесна вечера е палента со спанаќ што се приготвува многу лесно а е превкусна. Постапката е следна: во зовриена солена вода со две чешниња лук, капнувате малку масло и додавете еден филџан спанаќ. По неколку минути, постепено ставате палента, мешајќи се додека смесата не стане мазна. Процедурата е стандардна, но бидете внимавателни да не се изгорите. Кога ќе се згусне, палентата е готова, испарува и мириса предизвикувачки. „Фајнл тач“ е наросување со пармезан и насмевка. Уживајте. Текст и фото: Вања…