Browsing Category
Дом и семејство
Мојата кујна. Палента со спанаќ
Предлог за убава, лесна вечера е палента со спанаќ што се приготвува многу лесно а е превкусна. Постапката е следна: во зовриена солена вода со две чешниња лук, капнувате малку масло и додавете еден филџан спанаќ. По неколку минути, постепено ставате палента, мешајќи се додека смесата не стане мазна. Процедурата е стандардна, но бидете внимавателни да не се изгорите. Кога ќе се згусне, палентата е готова, испарува и мириса предизвикувачки. „Фајнл тач“ е наросување со пармезан и насмевка. Уживајте. Текст и фото: Вања…
Мојата кујна. Салата нова „мимоза“
Оваа салата што асоцира на варени јајца, за денес ви ја препорачувам во малку поинаков состав. Здрава е и вкусна, таман за овој период од годината. Во салатата освен марула, додадете сечкана зелка, рукола и спанаќ. Посолете, додадете маслиново масло и лимонов сок. Пред да измешате, додадете јајца и испечени семки од сончоглед. Сега измешајте и уживајте во нова мимоза!
За пролетно освежување: Салата со рукола, нане и анасон
Излупете и исечете на тркалца две тврдо варени јајца. Околу 300 г анасон варете 10 минути во солена вода, а потоа процедете. Исечкајте зелена салата, додадете рукола и краставица и добро измешајте (заедно со анасонот и јајцата). Направете прелив со три лажици сок од лимон, 2 лажици сечкано свежо нане, 1 лажица мед, кисело млеко, сол и црн пипер. фото-pexels
Здрава салата со глуварче
Листовите на младо глуварче треба да се измијат и посолат, да се зачинат со јаболков оцет, сончогледово и масло од тиква. Многу е важно листовите на глуварчето да се свежи и набрани пред билката да процути, зашто во спротивно ќе бидат горчливи. На салатата може да и се додаде варен компир и пржен сусам. фото-pexels
Лековитата коприва: Салата и чорба за зајакнување
Оваа билка содржи многу витамини и минерали: Ц и Б2, каротин, железо, калциум и фосфор, но и покрај тоа што е достапна преку целата година најдобро е да се користат младите врвчиња кои се берат напролет. Копривата се препорачува на анемични лица и на оние кои страдаат од реума. Освен што е лековита, од младата коприва може да се подготват и вкусни чорби, салати и варива. Чорба од коприви Околу 200 г млада коприва се потопува во солена вода и нежно се пасира (водата се менува 2 пати). На малку путер се пропржува ситно сечкан…
Мафини со пченкарно брашно
Смесата за мафини е слична на смесата за палачинки, само што наместо пченично се става и пченкарно брашно. По еден филџан брашно и млеко (или јогурт), малку масло, малку негазирана вода, прашок за печиво, сол и 2 јајца смешајте во подлабок сад. Додадете и половина филџан пченично брашно, промешајте и почекајте 10-тина минути за да смесата убаво се соедини. Сега налевајте во калапчиња за мафини, и за да бидат полични, наросете со сусам, афион и ленено семе. Печете 15-тина минути а потоа преселете во хартиени кошнички.…
Ај фил фуд. Макарони за добри одлуки
Пред некој ден се вакцинирав, и во купот на прочитани информации, изгледани клипчиња на јутјуб, муабети.., сакав да си направам ред во главата. А, бидејќи се почнува и завршува со храната, на ред беше- засладување. Не сум особено по торти и колачи, ама овие макарони ми се повеќе од благо. Комплексно. Суштестевно. Повеќе од вкус, чисто мерачење и декаденција. Макарони со мак, односно- афион ме потсетуваат на безгрижност, на „рани радови“, едноставен рецепт со добар „олдфешн“ ефект. Првин се мислев со што ќе другарувам, со…
Тирамису со јаготки
Потребно е: 500 грама јаготки, 6 жолчки, 300 грама шеќер, 300 грама брашно, 2 децилитри бело вино, 500 грама хопла, бисквити, мараскино и шеќер во прав. Измиксирајте ги жолчките, шеќерот и виното и мешајте на пареа се` додека не се згусне и додека не добиете мазна смеса. Додајте хопла. Во меѓувреме, облагородете ја смесата со исечкани јаготки, а дното на садот прекријте го со бисквити. Потоа ставете го филот и процедурата повторете ја неколку пати. Пред служење наросете какао и одозгора ставете ги јаготките.
Ќе полудите по овие чоколадни топчиња, што не се печат
За овие вкусни и брзи чоколадни топчиња потребна е желба да вкусите нешто здраво а за подготовка да одвоите 15 минути. Потребно е: урми без семки, околу 200 гр, 100 гр мелен лешник, коцка путер, 2 лажици овесни снегулки, цимет и црно чоколадо. Урмите се сечкаат најситно, им се додваат лешници, цимет, овсени снегулки и растопен путер. Масата треба да е компактна, и сега се обликуваат топчиња. Последен чекор е топеното црно чоколадо- топчињата се велааат во него, а доколку сакате уште вкусови, извалкајте ги и во кокосово…
Познатите готват: Тирамису на Лидија Георгиева
Да, тажно е времето, и секој на свој начин се справува со него. Многумина готват. Потребни состојки за моето тирамису, освен инспирација и љубов се: - 250 гр маскарпоне - 3 јајца - 70 гр шеќер - 1 пакетче ванила - 150 мл кафе (по избор) - 1 кафена лажичка какао - плазма кекс или пишкоти (околу 160 гр) и, двете тајни ЛГ состојки - сок од 1 лимета (секако може и лимон ако немате), а ако сакаме да снобираме, тогаш егзотиката наложува неколку капки арома од цвет од портокал. И за крај, неколку капки рум или уште поубаво, ако си…