Browsing Category
Дом и семејство
Еве како да ги избришете брчките од челото
*Направете маска од ананас и папаја. Изгмечете ги состојките, намачкајте го челото и измијте за 20 минути. Оваа маска го засилува колагенот во кожата. *Измешајте две белки и неколку капки лимон, а маската нека остане на лице неколку минути. *За оваа маска е потребно еднакво количество сок од ананас и од јаболко: освежува и релаксира. Маската е активна 15 минути. *Измешајте две лажичиња обичен јогурт, половина лажиче мед и лажиче лимонов сок. Во оваа мешавина ставете масло од витаминот Е, и држете ја околу 10-тина минути.…
Sweet Bakery препорачува: Интегрална слатка пита
Оваа вкусна пита се прави лесно, и навистина е превкусна. Следете ги чекорите во подготовка и почнете со тестото. Потребно е: 250 гр путер 150 гр.шеќе во прав 1 јајце 10 гр ванилин шеќер кора од лимун или порртокал 400 гр интегрално брашно Од сите набројани продукти се замесува тестото, кое потоа се остава да отстои во фрижидер неколку часа. Следниот чекор е расукување. Тестото се расукува во тркалезно плехче, 2/3 од целото тесто а другата третина ја оставаме за покривање на питата. Фил: 800 гр модри сливи се сецкаат на…
Солта како природен антидепресив
Солта е природен антидепресив, но познато е дека поголемото количество може штетно да влијае врз здравјето, поточно врз зголемувањето на крвниот притисок или на болестите на срцето. Сепак, доколку се консумира во мали количини, може да влијае позитивно кај лица кои се склони кон депресија и апатија. Препорачлива дневна доза сол за возрасни лица изнесува четири грама, иако експертите тврдат дека и два грама се доволни во текот на еден ден. Поголемиот број од луѓето, според светската статистика, консумираат повеќе од десет…
Полнети урми
Потребно е: 1 кутија непресувани урми, 100 г мелени ореви, малку путер. Најпрво од урмите се вадат семките, а настрана се мешаат мелени ореви, со шеќер во прав и сок од половина лимон. Секоја од урмите се полни со смесата од орев, шеќер и лимунов сок. Настрана се топи путер, кој се става врз нив. Фото: Pixabay
Џинглбел колачиња
Годинавa како никогаш досега, предизвикани од пандемијата, сите се посветени на убавините на домашната кујна. На социјалните мрежи можат да се видат вистинските мајстории, шаренила и креации во фотографиите на кои царуват новогодишните колачиња, популарниот „џинџербред“, кои се превкусни. Ви даваме еден интересен рецепт, што можете да го прилагодите на вашиот вкус. Се замесува тесто од 300 грама брашно, 2-3 јајца, 10 лажици мед, 10 лажици млеко, 100 грама путер, 3 пакетчиња ванилин шеќер, малку бибер и рендана кора од лимон…
Food bar со нов производ. Ајсберг салата за здраво срце
Food Bar во својата палета на производи нуди вкусови и за најпребирливите, а освен добро познатите беби микс салатата, беби рукола, беби спанаќ, фамилијарната салата со ајсберг, црвена цикорија, морков и зелена марула, валеријана, свежо рендано цвекло, италијана, микс со зелка и морков или микс зелена, тиквата и неколкуте вида никулци, од неодамна ја додаде и ајсберг салатата. Сè што треба да направите е да го извадите зеленчукот од пакувањето, да го ставите во чинија, да го зачините по желба и вашата витаминска бомба е…
Недела на италијанската кујна. Отворени равиоли, тиква, шампињони, путер од лешник
Потребно е, за тестото (4 лица): 200 гр брашно тип 400 40 гр брашно од дурум пченица 176 гр жолчки од јајце За филот од тиква 600 гр тиква 200 гр рендан патрмезан (parmigiano reggiano) 80гр течна павлака 15 гр путер 15гр mostarda (слатко со сенф) сол бибер За рагу од печурки 160 гр шампињони 10 гр путер 10 гр праз 2g di тамари (јапонски соја сос) За путер од лешник со зачини 80 гр путер жалфија мајчина душица За пржените печурки 40 гр шампињони масло за пржење Други состојки: 80 гр печурки во прав 40 гр семки од тиква 10 мл…
Недела на италијанската кујна: Топла крема од тиква и хељда
Состојки за кремата од тиква: 250 гр тиква 125 гр компири 50 гр праз 100 гр моркови 50 гр карфиол 50 гр ладно цедено маслиново масло 25 гр суво бело вино 150 гр кокосово млеко 150 гр вода 1 гр куркума 7 гр сол Состојки за бисквитите од хељда: 100 гр хељда 200 гр вода 2 гр сол 50 гр масло Подготовка Во тава се пропржува зеленчукот со маслиновото масло, се посолува и се додава белото вино. Кога виното ќе испари, се додава вода да го покрие зеленчукот, сол и куркума. Кoга зеленчукот е доволно сварен, се додаваат останатото…
Недела на италијанската кујна. Мус од чоколадо со сос од калинка
За пената: 60 гр црно чоколадо 60 гр вода За сосот од калинка: 240 гр сок од калинка 80 гр сок од лимон 4 гр кантен (агар) 35 гр шеќер рендана кора од лимон За бисквитот од лешници: 25 гр лешници 25 гр шеќер 50 гр паста од лешник Подготовка: Водата се зоврива и се прелева преку чоколадото исечкано на мали парчиња. Се меша добро и се остава да се излади, а кога е ладно се мати со миксер. Сокот од калинка и од лимон и шеќерот се загреваат заедно со кантенот и се оставаат да зовријат неколку минути за да се стопи кантенот. Се…
Недела на италијанската кујна. Рижото со тартуф и печурки
Состојки: 320 гр ориз сорта Vialone nano 600/700 мл бистра супа од тартуф 40 гр планински путер 50 гр печурки 40 гр Пармиџано Реџано – рендан ладно цедено маслиново масло сол Постапка: Бистрата супа од тартуф се подготвува така што во бујон од целер, морков и кромид, при крајот се додаваат парчињата тартуф, а потоа сето се цеди и дополнително се редуцира. Печурките се сечат на средно големи парчиња, за да останат месести и по готвењето. Неколку поголеми печурки се сечкаат на мали коцкички и се чуваат за подоцна. Оризот се…