Акцијата „Не биди ѓубре“ продолжува- исчистена Пошта кај Железничка
Акцијата „Не биди ѓубре“ продолжува. Групата совесни граѓани продолжија да го прават она, кое надлежните го гледаат и си го одминуваат.
-Собравме пари, купивме гребла. Собравме 31 вреќа ѓубре на 1.000 метри квадратни. Што најдовме не треба да објаснувам. Гадно. Се гледаме следната недела пред Универзална, напиша актерката Ирена Ристиќ на својот Фејсбук профил.
Тие имаат предлог да направат ден, кој би го нарекле „Ѓубровден“.
-Ние како народ љубиме да празнуваме по разни поводи. Кум е Филип и даде прекрасно име за празник. Тоа би било оној ден во годината кога секој гражанин ќе направи нешто добро и општествено корисно околу својата куќа, викендица, хациенда, пред својата зграда или некаде на пат низ државава, по јавните површини, бидејќи со полна пареа се спремаат за ЕУ, напиша таа.