Збогување. Почина Мира Фурлан, најсексапилната и најубавата актерка на екс- Ју
Мира Фурлан (66), симбол на едно плодно и среќно време, најсексапилната и најхаризматичната актерка од екс ју- простори, почина во Лос Анџелес, каде што живееше подолг период, од последиците на западнонилска треска. Широката јавност ја запозна во филмот на Жика Николиќ „Лепота порока“: иако имаше богата театарска кариера, улогата на сиромашна и чесна селанка од едно заостанато и заборавено селце во Црна Гора, која се вработува во нудистички камп, беше вистинска револуција за 1986 година. Многу гледани се и „Татко на службено…