Browsing Category

Здрави значи убави

Тања Турунџиева: Кромидот е најефикасен за бронхитис

Бронхитисот е воспаление на слузокожата на дишните патишта (бронхиите). Најчесто се предизвикува со инфекција, се влошува состојбата со вдишување на штетни испарувања, како што е чадот од цигарите. Бронхитисот може да биде акутен и хроничен. Хроничниот бронхитис е заболување на бронхиите со што доаѓа до зголемување на секретот во бронхиите, кои се пропратени со кашлање и со искашлување. Акутниот бронхитис всушност е акутно воспаление на трахеите и на главните бронхии, кое воообичаено е поврзано со вирусна инфекција на…

Аромотерапија – урамнотежување на умот, духот и телото

Ароматерапијата е древен начин на лекување базиран на употреба на есенцијални и растителни масла, а е дел од фитотерапијата, медицинска дисциплина што за лекување, превенција од болести и зачувување на здравјето користи цели или делови од растенија или екстракти добиени од нив. Како што вели Вероника Чадловска од козметичкото студио „Афродита“ ароматерапијата користи посебни екстракти, наречени есенцијални етерични масла. Тие можат да се применат како мирисни стапчиња, мирисни свеќи, мирисно цвеќе и во комбинација со мирисни…

Добро утро со чаша вода

Постои начин да се израдувате веднаш по будењето.  Еве седум совети како  вашето утро да го направите попријатно. Чаша вода веднаш по будењето Ова ќе го хидрира вашето тело. Ќе забележите позитивни промени како посјајна кожа и подобро варење. Ако додадете исцеден свеж лимонов сок или една лажичка јаболков оцет, на телото ќе му дадете  бонус поени. Без телефон / Фејсбук или пораки, барем еден час Спиете ли со вашиот мобилен телефон и дали тоа е првото нешто за што ќе се фатите наутро? Страшна навика, која е, исто така, многу…

Најдобри сезонски маски за лице

Зимата е годишно време што најмалку и годи на кожата - студените ветрови и ниските температури ја исушуваат и затоа и е потребно посебно внимание. Кожата се обновува помеѓу 7 и 10 недели а жените што го „шокираат“ лицето со промена на температури (од загреана просторија - надвор, на студ ) многу често ја пореметуваат природната рамнотежа што се манифестира со црвенило, перутање и иритација. Козметичарка Вероника Чадловска вели дека за овој период од годината е најважно кожата убаво да се нахрани одвнатре - да се внесуваат…

Исчистете артерии со ѓумбир, лук, лимон и мед

За да ги исчистите артериите, прво треба да поработите на намалување на нивото на триглицериди и холестерол во крвта. Како што стареете, така акумулираните работи во вашите артерии го попречуваат протокот на крвта. Всушност, повеќето од нас имаат проблеми со лошиот холестерол, но не ги гледаме симптомите во помлада возраст. Ова е една од причините зошто е потребна редовна контрола на холестеролот во крвта. Еве едноставен лек како да ги исчистите артериите на природен начин. Потребни состојки: Мелен ѓумбир, половна лажичка…

Тања Турунџиева: Ако имате акни заборавете на путер, паштета, благи работи …

Акните настануваат при хипертрофија и инфекција на лојните жлезди на кожата. Лојните жлезди произведуваат себум, масна материја чива улога е подмачкување на кожата и влакната. Кога фоликулите на лојните жлезди ќе пукнат, себумот се собира и жлeздите отекуваат. Потоа, себумот нема нормална циркулација, доаѓа до инфицирање и воспаление на лојната жлезда и настанува бубуличен осип, типичен за акни. Како што е познато, акните најчесто се јавуваат во пубертетот како последица на хормонските промени. Фактори кои предизвикуваат…

Драган Јованов: Македонската современа фитомедицина може да ги спаси дишните органи

Респираторните органи, особено сега, со актуелната загаденот страдаат намногу. Симптомите се разновидни а тегобите при дишењето можат да бидат придружени со забрзано дишење и забрзани отчукувања на срцето, губење на здивот, болка во градите, мала главоболка, општа слабост *Ако дишењето ви е толку отежнато и тоа ве загрижува, тоа може да е предизвикано од многу болести. Тешкотиите во дишењето можат да се поделат во три категории- инфекции на горните и долните дишни патишта : настинка, воспаление на синусите, воспаление…

Зошто по диетата многу бргу ги враќате килограмите?

Се мачевте со денови, месеци, недели за да дојдете до посакуваната тежина, но за неколку месеци повторно сте ги вратиле килограмите. Тоа е приказната што ја знаеме сите. Губењето на килограмите е процес низ кој се поминува со траума, процес кој едвај чекаме да заврши  и да ја постигнеме својата цел, но во истражувањето што го спроведе доктор Фил, 40 проценти од луѓето  го успеваат тоа.  Работите да бидат полоши,  речиси сите ги враќаат изгубените килограми во рок од три месеци до една година. Доктор Фил, миленикот на Опра…

Слабеење без диета

Како да се ослаби без диета? Нутриционистите велат дека е можно! Притоа, опасноста лежи во тоа - откако брзо ќе се ослаби, килограмите брзо се враќаат и затоа не се препорачуваат експресни диети. Експертите порачуваат дека е доволно да внесете некои здрави навики во својот живот и резултатите се веднаш видливи. Еве ги наважните совети: Појадувајте секој ден Многу луѓе погрешно мислат дека ќе се ослободат од некои калории ако не појадуваат, но тоа води само кон претерано јадење за време на ручекот. Докажано е дека витите луѓе…

Тања Турунџиева: Вистинска храна за психички замор и стрес

ПСИХИЧКИ ЗАМОР Се јавува најчесто кај луѓето изложени на интензивни психички активности. Тие имаат поголема потреба за одредени хранливи состојки, па затоа се препорачуваат орашасти плодови. За превентива и за лечење треба да се зголеми внесот на: - БАДЕМИ, кои претставуваат одлична храна за мозокот, исто така многу добар сооднос на минерали кои обезбедуваат стабилно функционирање на нервниот систем- - ОРЕВИ, го подобруваат менталниот ефект - ХЕЉДА, ја подобрува концентрацијата и меморијата И, за да се победи нервозата,…