Browsing Category

И ваму и таму

РЕПОРТАЖА. Јасна Суша, фотографка : Преку патувањата стигнувам до вистината

Фотографката Јасна Суша за себе вели дека е ѕведено дете а ѕвездите во очите ги има поради својата игра, предизвиците што самата си ги поставува. Со фотоапаратот, нејзиниот верен и постојан придружник низ животот, ги „лови“ шарените далечни, мистични и опипливи сказни. А кога на тоа ќе се додадат миризбите и вкусовите, сликата е потполна. И овој пат Јасна ја најдовме на брод, а ова се нејзините писанија, помеѓу неколкуте бранови должини. Имам работа што најмногу ја сакам…патувам Имам работа која е неверојатно креативна,…

Марјана Димовска од Австралија: Сиднеј го има целиот свет во мало

„Да доловам дел од моето секојдневие во последните осум години од мојот живот,  кои ги живеам во мојот втор дом , Сиднеј. Навистина далеку од Европа и од моето сакано Скопје но, сепак со сите можни предзнаци на светска метропола која наликува на Њујорк, ама со некој далечен и егзотичен признак, вели Марјана Димовска, пејачка, која реши во овој далечен град да го продолжи животот. Марјана ги има сите пофални зборови за Сиднеј и Автралија, земја која е толку далеку а која нуди можност да убав живот. -Сепак, не можам а да не го…

Зимница за гурмани

Закиселен карфиол Потребно е: 1 главичка карфиол тешка 500 г.; 2 дл бел вински оцет; 2 дл суво бело вино; зачински растенија (мажоран, мајчина душичка, магдонос, целер и лавров лис), 1 чешне лук, каранфилче, белиот дел од праз, сол, црн пипер во зрно, масло. Со парче газа обвиткајте ги зачините и добро заврзете ги, а со друго парче исто така, завиткајте го исечканиот праз со каранфилчето и исечканиот лук. Додадете оцет на двете врзопчиња и оставете да киснат 5 минути. Во меѓувреме, исчистете го карфиолот исечкајте го на мали…

Елеонора Младенова: Вашингтон, светска метропола со селска идила

Живеете во светска метропола, а имате  чувство дека живеете на планина, во шума, такво е доживувањето ако сте во  Вашингтон. Кога ќе се спомене   Вашингтон, веднаш мислите на Белата куќа, метропола  со  амбасади и дипломатски претставништва, па некако нормално е да се очекува многу асфалт и бетон. Но, напротив,  Вашингтон е град сместен во прекрасни шумски предели низ кои минува реката Патомак со идилични и прекрасни патеки за велосипеди и пешаци ,затоа и многу често заборавате дека сте во градот на Белата куќа. Ова го вели…

Тања Станковиќ – Димовски: Чикаго, град каде и газдите работаат со своите работници

Таа вели дека Америка, поточно Чикаго само ги зацврсти нејзините доминантни карактеристики- работа, ред и дисциплина. Тања Станковиќ, златен вокал од, не толку далечно, ама велиме- златно време, 12 години живее и работи во град кој ја освои „на прв поглед“, но тоа не ја намали нејзината прва љубов кон овдешните, македонските корени. Домот е кај што ти е срцето Македонија е мојата прва љубов, но сега, во Америка е мојот дом. Тука ми е семејството и работата. Се навикнав на животот и убаво ми е, иако ми недостигаат дружењата…

Бали- втор дом за туристите

Бали- малкумина се тие кои не слушнале за овој остров и сите сакаат да го посетат.  Остров кој изобилува со ориз, кокос, палми, кафе, какао, памук, тутун, песочни плажи, воодушевувачка боја на морето и насмеани луѓе. Зад името се кријат епитетите како  „Остров на  боговите“ или „Последен рај на земјата“. А да делува рајски помага локацијата - сместен во  пределот на  екваторот со стотини километарски плажи и големи бранови. Бали представува  мамка за се, хедонисти, љубители на природата и ексремниот спорт.  Во внатрешноста…

Плажи што треба да се посетат

ПАГ, Хрватска Хрватскиот остров Паг по многу работи е посебен и уникатен, а најмногу се издвојуваат „камените пустини“. Источниот брег на Паг со блискиот Велебит се изложени на ветр, кој нанесува сол и поради тоа вегетацијата е оскудна. Забава – Островот Паг стана вистинска дестинација за забави. Недалеку од Новаља, на прекрасната плажа Зрче летото се претвора во фабрика за забава. Клубовите по плажите се домаќини на фестивалите и најпознатите ѕвезди од светската клубска сцена. Од утро плажите се полни најчесто со…

Перу, земја со повеќе идентитети

Ако ваша омилена дестинација е Перу, еве ви неколку идеи што најпрво треба да видите таму. Секако Лима, главниот град, Куско, претолнината на Инките, Мачу Пикчу, вечната тајна  и невидените пејсажи.  Дознајте како древните нки живееле во хармонија со реките, сонцето, дождот, џунглата, перуанските планини и студените Анди, како се прилагодувале на времето и околината. Дел од древните Инки и денес живеат во секој град и можете да ги препознаете заради нивните обичаи. Патувањето во Перу ве враќа низ времето и ви овозможува…

Со риба на софра, подалеку од депресија

Чудно време, чудни правила, а најчуден е нашиот, да не речам, мојот мозок, кој меморира, складира и чува и што треба и што не треба. Не ме слуша, тој си е држава сам за себе, си прогласил автономија и деноноќно, како на лента, ги полни менталните фајлови... Сношти, пред да заспијам, ми текна за електричниот стол. Чуму – не знам, ама податокот можам да го искористам ако сакам да сум главна во друштво на канибалисти... Ви спомнав што ми прави мозокот, нели. Инаку, електричниот стол-убиец бил измислен од човек, по професија…

Сашко Александар Тодоровски за западот на исток – Баку: Град на оган и ветер

Сашко Александар Тодоровски веќе дваесетина години живее во Баку, престолнината на Азербејџан и е еден од ретките Македонци кои решиле да живеат во, до пред некоја година, не толку познатата држава. Но, како што вели тој, Азербејџан забрзано чекори во модернизирање и речиси со брзината на светлината таму се менуваат работите на подобро. Да, тоа е земја на контрасти, Азербејџан е Запад на Истокот, земја на нафтата и земја каде муслиманите и христијаните живеат беспрекорно.  Седум климатски зони Азербејџан е земја лоцирана на…