Browsing Category

Колумни

Ај фил фуд. Сушени везени пиперки, затоа што мирисаат на дома

Суви везени пиперки. За мене се повеќе од зеленчук, повеќе од јадење и ги сметам за царици на зимската софра. Ем лични, ем вкусни, и вклучени во Арката на вкусови на Слоу фуд-Македонија. Откаде да почнам: макало со компири, пикантно луто со дискретна придружба од лук, макало со грав, кога сум најинспирирана- суви посни пиперки полнети со ориз и праз, потоа крцкави како „засладување“ во салца, во бакардан- затоа што спротивностите се привлекуваат, па во тавче- гравче, похувани или мераклиски испржени со јајца... Најмногу ги…

Да го славиме животот. Кренете чаша високо!

Денес е денот на љубовта и на виното, вљубените пијат а пијаните сакаат. Пијани од се - и од љубов и од вино, зошто таму е вистината, а и нешто - зад неа. Овие два празника, едниот прозападен, современ и можеби „модерен“- Свети Валентин, а другиот традиционален и сакан- Свети Трифун, секој на свој начин земаат замав во славењето последните неколку години . Свети Валентин „успеа“ поради глобализацијата на светот, а Свети Трифун е врзан за поднебјето, нашевината, виното, големиот дар од бога! Колку останавме верни на старите…

Ај фил фуд. Бадник, вечера за сплотување

Годинава во коледарското утро не ме разбуди детската песна. Стравувањето не е без причина, пандемијата воведе нови правила па годините наназад, кога во темни зори се слушаа весели детски гласчиња и тука и таму „сомнителни“ коледари, „младинци“ што ноќната забава ја продолжуваа со ѕвонење по врати, засега ќе ми биде складирано во уредни сеќавања што деновиве ги редам едно по едно.... Нова година, во времето кога растев, во префорсирани очекувања од луда, најлуда ноќ, се што правев не беше доволно добро да се принесе на…

Ај фил фуд. Бакшиш, награда за услужливост

Бакшиш е правило, ритуал, домаќински ред и еснафски гест, да се почести келнерот што послужува: се според паричникот, ситни и крупни пари, инспирацијата и мотивот... Искрено кажано, секој од нас бил во ситуација кога му било незгодно да не остави ништо, и покрај тоа што келнерот не бил- на висина на задача. Некогаш наметливоста на келнерот, да се „нацрта“ токму во моментот кога плаќате, да зачистува или да ве прашува нешто што го заборавил на почетокот, како да „принудуваат“ да оставите напојница. Тоа веројатно има врска со…

Ај фил фуд. Готвачи, херои на секое време

Денес (20 октомври) е Интернационалниот ден на шефови, а бидејќи последните неколку години сериозно нурнав во нивниот шарен, вкусен и раскошен гастрономски свет, им честитатам од срце. Браво за вас! Шефовите, готвачите, се херои на ова но и на секое време: кога готват како да влегуваат во друга димензија поврзана со бесмртноста на љубовта кон храната, професијата, потребата да усреќат. Постојано осмислуваат и трагаат по „она нешто“, тие се иноватори на храна што ја лекува душата, често под огромен стрес, што го држат под…

Ај фил фуд. Посен петок

Веќе неколку петоци по ред, со концепт размислувам што лесно и вкусно ќе јадам, подржувајќи го предизвикот на Слоу фуд: #ПосенПеток. Иницијативата е поврзана со храна- предизвикувач на климатски промени, бидејќи токму таа е жртва на истите. Концептот е разработен и ме радува уште од рани зори: посен грав, летна манџа, пита со наѓезмо и буковец, печени компири со пченкарно брашно и сусам, шпагети (наместо јуфки) со мед, малиџано, модар патлиџан и тиквички со лук, македонска салата со печени лути пиперки.., мојот придонес во…

Ај фил фуд. Филм, гозба од која секогаш огладнувам

Ги сакам готвачките шоуа, најмногу поради непредвидливоста и спонтаноста на реакциите, па така се опремувам со разни мудрости кои се додаток кон теоријата дека - храната е чудо и знае да направи чуда. Кога се работи за филмовите кои на разни начини третираат храна, немам конкуренција во дејствувањето. Всушност, тогаш се случуваат два филма на два фронта - едниот на телевизорот, а другиот го создавам јас, во кујната. Често сум толку инспирирана од приказните на подвижните ленти, од начинот на кој во чиниите се создаваат…

Ај фил фуд. Миризливо – сласни марифетлуци

Небото ја облекло најубавата сина кошула, а во дезените не заостануваат ниту грмушките, ниту овошките и разноразни дрвја. Се се зеленее, се шарени, цути и буја. Ах! Му се враќаме на животот! Доколку и сега, во периодот на „гастро- освестување“, Германците живеат од колбаси, Англичаните- од пудингот, Италијаните од пици и пасти, ние богами, имаме со што да се пофалиме. Пролетното мени е бисер до бисер - младо кромитче, домат, пинџур, кај кого свежината се чуствува на прв залак, (пикантно лут, со малку лук и понекој домат),…

Ај фил фуд. Дроб- тава, мојот пролетен, празничен адут

Овој специјалитет, деликатес, како ли се не, ме потсетува на безгрижност и на деновите околу најголемиот христијански празник- Велигден. Мајка ми го прави- откако почнав да бројам калории, значи- охохо, одамна. Калоричен е, силен, вкусот го паметите уште долго, ама се јаде еднаш-два пати во годината, па сите „сопки“ дека треба да се одбегнува, едноставно- не важат! Процедурата ми е врежана во сите рамки на созревањето: паметам дека „кошулиците“ се најпроблематичниот дел од сказната. По правило се скинати на неколку места, а…

Ај фил фуд. Храната, прозата и поезијата во времето на корона

Не ми паѓа тешко оваа принудна изолација: го сакам домот, пливам во интерниот космос, ама најважно од се е што станав пријател со мојот мозок. Се поретко, уважениот ми г-дин Мозок, ме саботира, не си тера по свое и не ме носи на непознат терен. На пример, не се прашувам докога ќе трае чудово наречено корона, што ќе донесе, што ќе однесе...Сокрив, потиснав илјада слики и сликички што асоцираат на бесчувствително тормозење на вирусот. Како е - така е, најпосле имам време за заборавените нешта и за мисли кои ме подржуваат.…
error: Content is protected !!