Browsing Category
Белешки
Сонцељубени на Слоу фуд Салонот
Вториот „Слоу фуд салон“ што неодамна се случи во хотелот „Лимак“, повторно, со иста цел, енергија и елан ги обедини производителите, организаторите, „разбудените“ што почитуваат се што ќе изнедри нашата почва, „домашни странци“ со излитени пасоши кои ја запознаваат татковината во буен гастрономски раскош, следбениците на Слоу фуд и љубопитни гурмани што го одбрале настанот - да си го слават викендот. Храната е идентитет, ама е и љубов, посветеност, креативност, смеа, пријателство, тоа се невидливи синџири што врзуваат и за…
Камења со приказна од работилницата на Сузе, со симболика и порака: Да бидеме силни како нив
Сузе Турунџиева својот огромен креативен потенцијал овој пат го има насочено на каменчиња: тоа се среќни, убави, облечени камења што зрачат љубов, да не можете да се изнаситите од глетката. Мене ме потсетуваат на безгрижност: се сеќавам дека кога како студентка, враќајки се од Јадран, задолжително купував камен-морнар. Со време направив цела „флота екипаж“, што ме развеселуваше. Хероина на овој текст со цртање на камен започна од чиста љубопитност и желба да игра со боите- на поинаков начин од порано а првите 2 камчиња беа…
Почина доајенот на македонското глумиште Марин Бабиќ, погребот е во Прилеп
По кратко и тешко боледување на 74-годишна возраст почина доајенот на македонското глумиште, Марин Бабиќ (1947 – 2022). Во 1971 година дипломирал на Театарската академија во Софија и истата година станува дел од Драмски театар - Скопје, каде го поминува целиот свој работен век. Ќе остане запаметен по бројните и значајни улоги не само во својата матична куќа, туку и во други театри и проекти. Позначајни улоги има во претставите: „Болен Дојчин", „Лиза, Лиза", „Свадба", „Учени жени", „Собирен центар", „Бура", „Вообразениот…
Готвачката елита на пазар во Росоман
Суви пиперки, ајвар, крушки, грозје, ореви, јаболка, лук, кромид, тегли и теглички со разновидна зимница..., кој да одолее на таа прекрасна, колоритна и вкусна глетка, предизвикот од омилениот пазар во Росоман? И најпознатите шефови од екс- ју, гостите на „Гастромак 2022“ - Стево Карапанџа, Исток Легат, Томаж Возељ, Жељко Невен Бремец, Вуко Митровиќ, Ѓорѓе Костиќ, со радост ја прифатија идејата на домаќините Адријана Алачки и Бесим Љатифи од New Albis, да го посетат култното пазарче. Разгледуваа, сликаа и си купија, како што…
Репортажа. Пет дена во Торино: Тера Мадре, чиста егзотика од луѓе, храна и спомени
Се насладувам со мислите што уредно ги преработувам и се подготвувам да ги наречам „спомени од Торино“, поточно, од -Тера Мадре, или најточно- Слоу фуд Македонија на најголемиот саем на храна, гастрономија и земјоделство. Со доза на автоиронија, бидејќи наслутувам плима од емоции, знам дека секое искуство допрва треба да се изживее. Или- отсонува? Или, и едното и другото? Се започна и заврши пред Дрво декор, култното место за тргнување на пат. Го наполнивме автобусот, целата (скоро) македонска мрежа на Слоу фуд сме а не чека…
АНКЕТА. Тера Мадре го лекува светот со зачувување на автохтоноста
Неколку дена по завршувањето на Тера Мадре Салон дел Густо во Торино- Италија, откако се слегнаа емоциите а впечатоците почнаа да се складираат, прашав за впечатоците. Неколку члена на Слоу фуд Македонија веднаш одговорија, се распостлаа со емоции, прозбореа за преставувањето на Македонија, за личните импресии и уште многу интересни работи. Наташа Неданоска од „Пирустија Неданоски“ За мене Terra Madre Torino 2022 беше предизвик да се доживее. На прашањето како си поминав Италија, јас велам дека не бев Италија, туку на Terra…
Никола Богдановски од „Моја фарма“: И работа и љубов
Никола Богдановски е млад фармер од село Кадино, кој со „Моја фарма“ стана своевиден бренд ама и убав пример како добрите навики се вкоренуваат уште од детството. За неколку години, со посветеноста и работата тој успеа да создаде фарма со прасиња, патки, зајчиња, наскоро и кози, кокошки... И за време на летните месеци, кога кај сите активностите се многу помали, Никола спои неколку работи во една цел, да си ја заокружи својата приказна: - Моментално во нашата фарма имаме 10 мајки маторици од кои годишно вадиме 120 до 200…
Кажаа за „Охрид фест“: Владо Калембер и Срѓан Марјановиќ
И годинава, на 29-тото издание на „Охрид фест“, во Интернационалната вечер ќе ги видиме и слушнеме популарните Владо Калембер и Срѓан Марјановиќ, на кои овој фестивал „им влезе под кожа“. Еве што велат тие: - Јас не сум фестивалски човек, но Охрид е нешто друго- вели Калембер. „Секако големо влијание за моето доаѓање има мојот долгогодишен пријател Григор Копров, ама и сите спомени што со години ги создавам кај вас. Ме радува и убавиот прием кај публиката, љубезноста, луѓето... За некој ден се гледаме во шармантниот Охрид!…
Репортажа: Еден ден во Пирустија Неданоски
„И таму кај што не си, те наоѓам, замижувам и знам, се препознавам, во туѓата си сенка, во сечии си очи. Безнадежноооо...“- се разлева гласот на Хелена Благне од дворот на Пирустија, а Наташа и терцира. И тоа многу точно, гласот и е допадлив, чист и радосен, и ме инспирира да и се придружам во рефренот, и драматично да го најавам своето доаѓање. Кога ни се „смешаа“ гласовите со музиката, кога ме здогледа, со онаа широка насмевка за добредојде и уште поширока прегратка, ми го потврди чувството дека сум во Пирустија Неданоски,…
Ручек во Моја бавча: Вкусете ја радоста на куќата, зеленчукот наберете го од дворот и засладете се од слатката на Александра
Знаете ли што значи Моја бавча и што се е спакувано во овие два збора? На почетокот, пред да стане псевдоним, беше зимница: домашен ајвар, лутеница, доматно пире па, разни макала и зелени веге паштети, џемчиња од капинки и малинки, слатко од тиква и рибизла, од црвени сочни пиперки „капија“, па тони и тони трпение, комбинирани со воља и истрајност, за да слатките теглички „прошетааат“ низ цела Македонија па и пошироко...Зад сето ова, со целосна подршка од семејството, стои Александра Лозановска, која во првите редови на…