Browsing Category

Белешки

Вила Дихово: Кога природата, храната и домаќинското добредојде се на „ти“

Од сите убавини во животот, најголемата, најсрцевната е сплотена со она пламенче во градите што го препознаваме во неколкуте збора поврзани со корените, исконското и традицијата. Затоа сме во Вилата Дихово. Не ми е првпат да сум тука, па се чувствувам привилегирана да давам комплименти, да откривам што кријат дрвените порти, откаде најубаво се гледа раѓањето на денот. И, ги разбирам сите околу мене што со очи ширум отворени го пијат природниот раскош, заедно со сокот од лубеницата и нането, и експресно, од гости стануваат-…

Зошто го сакавме Милан Гутовиќ

Иако не сакаше да дава интервјуа, со „одбрана“: „Се што имам да кажам го гледате на сцена, инаку сум најздодевен човек на планетата“, Милан Гутовиќ (75), беше сакан актер и кај обичниот свет и кај елитата, и кај богатите и кај сиромашните и горе и долу и лево и десно, секаде. Го опфати сечовечкото креирајќи улоги кои стана автентични, и тоа не само поради Среќко Шоиќ. -Да, тој е слика и прилика на општеството и неговите реплики ми ги крадат во Собранието- го објасни Гутовиќ својот ангажман во „Тесна кожа“ и “Бела лаѓа“. Го…

Андреј Пајмакоски за „Philosophy“

Неодамна нашиот интернационален модел Андреј Пајмакоски работеше кампања во Белград, за новиот српски бренд Филозофи (Philosophy) . Ова не е ново искуство на нашиот модел, пред да почне светската епидемија со Ковид 19, Андреј одлично работеше во Барселона за агенцијата Two Management. Неговата кариера и големото портфолио му донесоа голем број на ангажмани вклучително и последниот. - Андреј ги има сите можни предиспозиции за светска кариера, се чека само на добар пласман- вели неговиот матичен агент Алек Наумовски од Моделс…

Јубилеј на Фолтин. 25 години и повторно под ведрото небо над Хераклеја

Фолтин, својот четврт век постоење викендов го одбележа со концерт на истата локација, на античкиот локалитет Хераклеја, каде што точно пред 25 години започна приказната за оваа музичка петорка од Битола, која се стекна со светска слава. Концертот беше музичко патување низ сите албумски изданија на овој бенд, а е завршница на низата промотивни концерти кои Фолтин летово ги имаше низ Македонија и во странство, како дел од промоцијата на последниот албум „Симултан бакнеж“. Под ведро небо, на полна месечина, пред илјадна…

Цане Петров, уметнички директор на Фолк вечерта на „Охрид фест “: Ќе доминираат песни со староградско- медитерански звук

Нетрпеливо го очекум „Охрид фест“, 10-ти септември, кога на македонската јавност ќе им ги презентираме најновите 18 песни, зборови и ноти, нанижани од најпознатите автори и препознатливиот звук на охридската песна, звук кој им пркоси на сите нови продукциски технологии. Ова го велам бидејки многу добро знаеме како звучи тамбурата, мандолината, виолината, кларинетот и како треба да звучи збирот на тие звуци. Овогодинешниот „Охрид фест- Охридски трубадури“ ќе биде во знакот на мандолината и тамбурата. Најпознатите и…

Игор Пачемски ја потпишува „Алиса во Еко Земјата на Чудата“ за „Noblesse Oblige“

„Noblesse Oblige“ e специјализиран бренд за долна облека оформен од дизајнерот на култната лондонска луксузна марка „Yes Master“ Игор Пачемски кој се стекна со застапништво во Велика Британија од агенциите на Philippa Bradley и BBY од Токио. Најновата , тукушто лансирана 15-та по ред колекција од овој бренд за сезоната пролет/лето 2022 е насловена како „Алиса во Еко Земјата на Чудата“ и како искучителен престиж во овој сегмент на модниот пазар ќе биде презентирана во Париз на Exposed саемот на Riviera како еден од 40-те…

Горан Шарац, уметнички директор на Интернационалната вечер на „Охрид фест“

По 20 години „македонска апстиненција“, композиторот Горан Шарац е повторно во земјата што ја љуби, Македонија. Причината е ангажманот, што вели му е вистинско задоволство ама и предизвик: директор на Интернационалната вечер на „Охрид фест- Охридски трубадури“ што ќе се случува на 11 септември во Охрид. Горан живее во Словенија, но оваа „дежела“ никогаш не му ги избришала спомените, ниту пак ја намалила доминацијата на гените. Имено, тој по татко е хрват, но по мајка- македонец, до 5 одделение живеел во Дебар мало, и ја…

Таа е првата жена со попреченост која го искачи највисокиот врв на Балканот. Браво Љуљета!

Љуљета Адеми е навистина многу храбра и многу одважна жена. Ги сака предизвиците, па и покрај болеста, што реално можеше да и биде пречка да го совлада највисокиот врв на Балканот - Мусала, го потврди куриозитетот дека е првата жена со попреченост која се искачи на 2925 нмв. Овој подвиг сведочи за нејзиното животно мото: гледај способност а не попреченост. Всушност, Љуљета е самата свој мотиватор, вели, се зависи од силината на зборовите, од препознавањето на мотивацијата. Патем, мечтата е посилна од знаењето, соништата се…

Пет Евровизиски мита

Мит број 1. Никој не гледа Евровизија а сите коментираат Велите, Евровизија е купиште од сомнително талентирани трансвестити, кои изведуваат изветреан поп, кој е сепак над нивните скромни можности. Да не постоеше Евровизија, авторите на инфантилните песничиња не би имале терен да го прикажат сиот раскош на својата просечност. Меѓутоа, и тоа хејтерско гледање на нештата не објаснува зошто Евровизијата има статус на телевизиски спектакл, и зошто собира милионска публика ширум светот. Луѓето веќе 65 години го следат овој…

Евровизија 2021. Рокерите шмркаат зад сцена

Групата „Манескин“ од Италија, со песната „Zitti E Buoni“ е победник на овогодинешното 65. издание на Евровизија. Убавиот Дамиано Давид, фронтменот на бендот изјави дека Италија не се само канцони и дека „рокенрол не е мртов“. Неговото рокерско однесување сите го протолкуваа како дел од имиџот, се додека на јутјуб каналот не излезе снимката од „грин румот“, каде момчево, за да го издржи сресот со бодувањето, шмркаше кокаин на маса. Ќе речете, па и тоа е новата нормалност, но Давид ништо не признава. „Не се дрогирам“, изјави,…
error: Content is protected !!