Browsing Category

Интервјуа

Љупчо Соколовски, уметничкиот директор на Фолк вечер на „Охрид фест“: 29-то издане со Наум Петрески, Сузе Спасовска, Зуица Лазова, Катерина…

„И годинава Фолк вечер на „Охрид фест“ ја продолжува музичката традиција поткрепена со нашите најдобри пеачи, кои ќе изведуваат песни на докажани авторски тимови- не информира Љупчо Соколовски, уметничкиот директор на првата, Фолк вечер на спомнатиот фестивал. Подготовките се во тек, се работи под полна пареа а сите музички гурмани, оние што го почитуваат македонскиот мелос нека го запомнат 2 септември, бидејќи тогаш ќе празнува народната песна на фестивалот. „Охрид фест“ со години им пркоси на модерни, современи…

Игор Поповски: Романтично срце и домашно сирење

Искрено кажано не очекував дека човекот што ги прави најпосебните, (во продолжение ќе видите и зошто), најдобрите млечни производи кај нас, Игор Поповски, сирењата ќе ги поврзе со романтиката цитирајќи го Ентони Бордејн, најголемиот авантурист меѓу готвачите: „Ти мора да си романтичен, за да се вложиш себе си, своите пари и своето време во сирењето“. Всушност, во целиот сеемен бизнис со сирењата и кашкавалите има нешто од романтиката „а ла Бордејн“- да успее на непознат терен, да стане фармер и градската, Битолската средина…

Кики Лесендриќ на „Охрид фест“: Моите песни мирисаат на вистина, затоа траат

Кики Лесендриќ, една од иконите на српскиот рокенрол звук во 80-тите и 90-тите години на минатиот век, ќе настапи на Интернационалната вечер (3 септември) на 29-тото издание на „Охрид фест“. Евергрините „Свет је леп када сањамо“, „Заборављени“, „Као птица на мом длану“.., ќе ја потсетат македонската публика на нежните балади и специфичната боја на гласот на Лесендриќ. Кики, каде ве наоѓам моментално, и што вообичаено правите во овој летен период? - Моментално сум на Санторини во Грција, но бргу се враќам за Белград, па…

Страшко Милошевски. Најубаво е да се насладуваш од убавите глетки, доживувања и луѓе со иста или слична животна филозофија

Да постоеше училиште за животот, верувам дека Страшко Милошевски ќе држеше неколку катедри. Логично, бидејќи трансформациите на животот и поучните слова тој ги прифаќа со раце ширум отворени, па за своите духовни раѓања вели: „... прв пат сум роден од мојата мајка, втор пат кога од петстотини метри под земја преку тунелот во рудникот Злетово излегов на светлината и се запишав на Факултет за драмски уметности, трет пат како нов човек по дипломирањето, четвртиот пат се родив со запишувањето на Теолошкиот факултет во Скопје и…

Валентина Митрова: Нашата семејна приказна за неговото височество -тартуф, вградена во брендот ТУФ

Доколку ги сакате тартуфите, ако сте навлечени на нивната арома, миризба, можеби ќе ве инспирира приказната на Валентина. Имено, семејството Митрови се пионери на тартуфарството кај нас што резултираше во создавањето и етаблирањето на брендот ТУФ, кој во себе ги спои љубовта кон планините, кучињата и љубопитството поврзано со желба за иновации. Таа сплотеност трае 12 години и во континуитет преку најразлични и највкусни производи со свежи и сушени тартуфи. Всушност, што и да помислите на темата- тартуфи, во која и да е…

Интервју. Љупчо – Бубе Петрушевски, стилист: Мојата професија е мојот живот

Бубе е познат градски лик: омилен фризер или ако сакате- стилист, кој својата биографија ја темели врз претпознатлив стил, насмевка што разоружува и навистина ведар дух. Скоро и да не постои лик од јавниот живот кој не е на „ти“ со Петрушевски, сеедно дали се политичари, актери, пејачи, луѓе од бизнисот.., сите тие го создаваа и негуваа имиџот кај Бубе. Искачувањето траеше со години, и во тоа интересно животно патување, херојот на ова интервју направи име што моќно го вгради во неговиот фризерски салон. Повеќе од две децении…

Ивана Симјановска: Доброто вино ја има магичната способност да го каже она што го молчиме

Ми се допаѓа констатацијата за постоење на две логики: математичка и дијалектичка, затоа што се останато е женската логика. Во тој контекст ќе ја парафразирам Ивана Симјановска, која вели дека фактот што му припаѓа на светот на виното, на луѓето им делува интригантно. Добра логика, бидејќи упорноста, виното и храброста се неопходни алатки за поправање на светот. Да, виното може да ја смени реалноста, констатира мојата соговорничка, авторката на првиот Водич Slow Wine, вински судија, критичар, дегустатор.., и жена со „добар…

Андријана Мациев, уметница: Љубовта направи чуда за мене

Таа е ликовна уметница, млада талентирана жена која светот го гледа низ бои, контрасти, а во раскошот на имагинацијата прозборува и нејзината душа. Андријана Мациев е артист кој своите дела ги создава спонтано, а со секоја боја, линија и гест го става личниот печат. Делува кревко но е многу силна и раскрилена: неодамна јавноста ги виде нејзините слики а во последниот животен предизвик храбро се избори и прозборе за борбата со канцерот. Благодарение на социјалните мрежи те следам постојано ама и не претпоставив каков огномет…

Сузана Милиќ ги има најинтересните постови со храна, бидејќи во кујната е срцето на домот

Во лето ја нарекуваат морска инспирација, а од неодамна стана есенска кралица, и тоа заслужено - од храната прави чуда, сервира, аранжира, создава цели композиции на софра, се е во доминантна боја, со порака, да ти е жал да чепнеш... Сите што на социјалните мрежи ФБ и Инстаграм ја следат Сузана Милиќ, уживаат и со нетрпение ги очекуваат нејзините прекрасни постови со храна. Инаку, готвењето на Сузе и е страст и љубов, но професионално таа работела на разни ТВ проекти, пишувала колумни, има искуство како маркетинг агент а…

Славен Кнезовиќ на „Охрид фест“: Ви го носам морето во Македонија, со песната „Море није дало“

Славен Кнезовиќ, познатиот музичар од Црна Гора учествува на Интернационалната вечер на „Охрид фест“, што ќе се случува на 11 септември. Со нетрпение го очекува фестивалот, го знае импулсот на нашите луѓе, а неговите музички почетоци се токму тука, од Македонија... Постојат многу работи во кариерата на Славен на кои може да биде горд, но песната „Заувјек моја“ е заштитен знак на неговата авторска работа во доменот на забавна музика. За некој ден се гледаме во Охрид, со која песна настапувате на фестивалот, и што ви значи…
error: Content is protected !!