Гастрономскиот тим на Форца, ги има врвните адути со најквалитетната, најдобрата и најпримамливата храна, што е знак на препознавање на популарниот локал. Ексклузивното мени што ќе ви овозможи врвно гастрономско уживање на 23 јуни, во ноќта наречена „ВИНО НА ШТИКЛИ“, е по мерка на најпребирливите хедонисти и декларирани гурмани.
Гостите ќе уживаат во дегустација на над 150 различни вина од 20 македонски и странски винарии што ќе бидат спарени со вкусните деликатеси на Форца.
Еве што се ќе можете да пробате.
БРУСКЕТИ СО ЛОСОС,
(брускети со лосос, мус од крем сирење, шери домат и капери)
БРУСКЕТИ СО ГВАКАМОЛЕ НАМАЗ,
(брускети со гвакамоле намаз и сушени шери домати)
БРУСКЕТИ СО КРЕМА ОД АСПАРАГУС,
(брускети со песто од аспарагус, ф’стак и ракчиња)
ПАШТЕТА ОД 4 СИРЕЊА СО МАРМАЛАД ОД ПИПЕРКИ,
(паштета од мешани сирења, ореви, мармалад од црвени свежи пиперки)
УРМИ СО ПАНЧЕТА,
(потпечени урми роловани со панчета)
КРОКЕТИ ОД ПРШУТА ВО AGLIO E OGLIO СОС,
(поховани крокети со свинска пршута)
РАКЧИЊА ВО ТЕМПУРА СО ПИКАНТЕН СОС,
(поховани ракчиња со сладок чили сос)
ПОЛНЕТИ ШАМПИЊОНИ,
(печурки шампињони полнети со чедар и сланина)
СИРЕЊА
(разни видови домашни и интернационални сирења)
СУВОМЕСНАТИ ПРОИЗВОДИ,
(разни видови домашни и интернационални сувомеснати производи)
ПАЕЉА ФОРЦА,
(ориз со зеленчук, пилешко, лигњи, шкампи, школки, вонголи)
ЈАГНЕШКИ АДАНА ЌЕБАП
(мешавина од 70% јагнешко и 30% телешко месо, зачинето со микс од зачини, подготвено со Sous-Vide техника)
BLACK ANGUS МИНИ БУРГЕР
(висококвалитетно месо од говеда од сортата Black Angus подготвено со Sous-Vide техника)
Chocoholic десерти
(artisan pâtisserie by Forza)
За љубителите на тартуфи, брендот Туф.мк подготви презентација каде ќе можат да се пробат – намаз со маслинки и тартуфи, тартуфата, слатко од портокал со тартуфи, маслиново масло со чист тартуф и уште многу изненадувања со оваа скапа печурка.
Дојдете, вкусете.
Коментарите се затворени