АЦЕ ПЕТРОВСКИ, КОРЕОГРАФ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КУД „НИКОЛА КАРЕВ„ ОД МЕЛБУРН: Традицијата не смее да се заборави, тоa се нашите корени
Аце Петровски е претседтаел и кореограф во Културно уметничкото друштво „Никола Карев“ од Млебурн. Потекнува од битолското село Добровени, но веќе 41 година живее и работи во Мелбурн. Само една година откако се доселил во Мелбурн станал член на друштвото, веќе 35 години е кореграф, додека како претседател функционира 27 години. Но, пред да стане сето ова тој бил 30 години играорец и во душа го носи македонскиот фолк.
-Кога се преселив во Мелбурн, по малку време се формираше друштвото и јас почнав како играорец и до ден денеска после четири децении останав таму. Почнав да играм, па почнав да ги учам децата и така продолжив до ден денес. Друштвото има околу 100 играорци, кои се поделени во три групи. Во Австралија настапуваме не само во Мелбурн, туку и во други градови на многу мултиетнични фестивали, настапуваме по трговски центри, но и на наши концерти. Во Македонија сме гостувале пет пати досега а секако дека сме гостувале и во Канада и Америка.
Колку кореографии имате?
-Многу. Ние ги играме скоро сите македонски ора, бидејки по толку години ѓи имаме направено сите кои ги играат македонските друштва. Посебно го имаме напеавено „Александрово оро“, тоа е моја кореографија и ја играме постојано. Пред две години орото го ставивме на професионално дивиди и како видео го има. Соработуваме со македонските друштва. Сум бил гостин кај повеке друштва во Скопје. Имаме соработка со нив. Наши гости биле друштвата „Кочо Рацин“ и „Охис“ од Скопје, од Битола сме имале соработка со „Илинден“ и „Гоце Делчев“. Гости ни биле „Гоце Делчев“ од Шведска и со „Македонска“ од Канада.
Каква е ракцијата на македонските ора, на македонскиот фолклор, со оглед на тоа што сте настапувале на многу мултиетнички фестивали?
-Познато е дека македонскиот фолклор е еден од најдобрите, ако не и најдобар во светот. Нашите ора се многу почитувани а тоа го покажува и фактот со нашите настапи. Сме имале над 49 мулти културни настапи. На сите тие 49 натпревари имаме освоено 41 прво место, седум втори и едно трето место. Тоа покажува колку нашиот фолклор е подобар од останатите.
Кој ви е омилен настап?
-Настапивме на гермнскиот „Октобер фест“, кој е многу популарен. Таму освоивме многу први места и затоа тој ни е омилен. Австриската заедница во Австралија прави многу познат фестивал и таму сме освоиле прво место. Ние бевме организатори на „Вик етно фест“. Една година настапувавме и освивме прво место. Но, оттогаш бевме само организатори. Фестивалот траеше 20 години и после згасна. Падна интересот за фолклорот, згасна интересот на играорците. Порано сме имале околу 300 играорци а сега едвај 100.
Зошто е паднат интересот?
-Затоа што младата генерација сега има некои сосема други интереси. Нашите веќе не ги носат децата на играорна. Порано беше поинаку. Ние игравме за македонштината и ја сакавме традицијата а сега младите, односно родителите ги носат децата на сосема други работи, други спортови а не на фолклор.
Имате ли идеја како да се врати интересот, сепак, тоа е традиција и не смее да се заборави?
-Тешко ќе биде да се врати интересот како некогаш. Не знам. Некогаш работите се вртат во круг. Не знам дали ке се врати интересот као пред 30 години. Ние се трудиме и сакаме барем да остане како што е. Да не се намалува бројот на играорците. Да трае. Сакам да им порачам на Македонците дека треба да ги зачленуваат децата во македонските културни друштва, да ги носат децата во македонските училишта, да ги посетуваат нашите концерти. Треба да си ја зачуваме културата и фолкот, оти, сепак, тоа се наши корени. Не смеат да се заборават. Така треба да останат.