На туристите кои имаат над 100 килограми нема да им биде дозволено да јаваат магариња во Грција, пишува Daily Mail. Владата во Атина позитивно одговорила на барањата на властите, бизнисмените и еколозите од островот Санторини. Јавачите на магариња со прекумерна тежина ги повредувале животните. Луѓето тврдат дека магарињата имале проблем со локомотивниот систем откако биле јавани од дебели странци.
Извор и фото: blitz.bg