Во склад со новиот закон, наскоро, Калифорниските судови ќе мораат за домашните миленици да одлучуваат на ист начин како што при развод одлучуваат кој ке го добие старателството над децата, јавуваат американките медиуми. Досега кучињата, па и мачињата, беа дел од семејниот имот и статусот им беше ништо подобар од голем семеен телевизор. Нацрт законот, кој во четвртокот го потпиша гувернерот Џери Браун, треба да стапи на сила од први јануари.
Според законот, милениците и понатаму ќе имаат статус на заеднички имот, но судијата ќе има дискреционо право кој да ги задржи, секако според фактот кој ги храни, кој ги шета, кој ги чува.
-Сметам дека ова е добра идеја. Имам бишон и тој е член на семејството, рекла судијката за семејно право, Меган Грин од Лос Анџелес, која се нагледала на разни случаи каде паровите при развод се бореле за маче или куче.
Извор и фото: 24sata.hr