Звучи необично, но Центарот за контрола и превенција на болести ( CDC) ги предупреди сексуално активните Американци да престанат со перење и повторна употреба на кондоми.
-Ние издадовме предупредување, бидејќи луѓето тоа го прават. Не ги перете и не ги користете повторно кондомите, стои во предупредувањето на Твитер, напишано од собраните факти од институции кои се занимаваат со полно преносливи болести.
-За секој нареден сексуален чин користете секогаш нов кондом. Кога правилно се употребуваат кондомите се многу ефикасни за превенција од несакана бременост и сексуално преносливи болести, вклучувајќи го и ХИВ вирусот, советуваат стручњаци од CDC.
Со оглед на тоа што помалку од 50 проценти американски средношколци го пополнило барањето на Центарот за воведување на сексуално образование во наставниот процес во 2015 година, потребно е секакво предупредување кое се однесува на растот на негативните трендови. Според истражувањата на CDC само една третина од Американците користи кондоми , а многумина од нив не знаат правилно да ги употребуваат.
Иако ова е сериозно предупредување, сепак, на социјалните мрежи наиде на многу коментари со потсмев, пишува Independent.