Уникатни чевли изработени од кожа, свила, злато и дијаманти изложени се во луксузниот хотел Бурџ ал Араб во Дубаи.
-Понудени се на продажба за рекордни 17 милиони долари, во земја на милионери и милијардери, како што велат од дизајнерската куќа „Јада Дубаи“, која ги направила во соработка со брендот за накит „Passion Jewellers“.
Цената на чевлите ја дигнале 236 мали дијаманти и два 15 каратни дијаманти од Д категорија а тоа значи дека се со совршена боја и чистина.