Екипата на „Не биди ѓубре“ го исчисти дворот на Заводот за рехабилитација во Скопје: Смет таложен со години
Актерката Ирена Ристиќ, заедно со Драган Костадиновска, Симона Спировска, Сања Арсовска, Биљана Младеновска, Наталија Теодосиева и Небојша Вилиќ вчера ја спроведоа акцијата „Не биди ѓубре“, а овој пат локацијата беше дворот на Заводот за рехабилитација во Скопје.
-Почнавме со изјавата: „О, па овде е рај за нас“! Во установа која служи за рехабилитација на пациенти, значи болни луѓе имаше ѓубриште таложено со години. Најдовме пелени со детски измет, многу чаши за кафе, лименки пиво, како за цело светско првенство што се испиени, многу фолии од кроасани и само еден кондом. Мораме да кажеме и дека пред нас влегла некоја екипа и искосила 10 метри квадратни трева, веројатно исплашени од нашето доаѓање. И кога завршивме на заминување на портирот му рековме дека следниот ден треба порано да го кренат ѓубрето. А тој ни одговори- свиркајте си, напиша екипата на Фејсбук, која направи дворот на Заводот да заличи. (В.М.)