Според верувањата на келтската митологија, хороскопските знаци соодветствуваат на некое дрво во природата. Келтите одлично ја познавале природата, па според одликите на дрвото се обиделе да ги откријат и човековите карактеристики и карактерот.
Една од основните класификации од кои тргнале при проучување на знаците бил временскиот период во кој дрвото најмногу вирее. Така, согласно со топлите и студените месеци, ја направиле табелата во која можете да го препознаете дрвото што ве отсликува. Побарајте го датумот на вашето раѓање.
Од 1 до 10 јануари – елка
Од 12 до 24 јануари – брест
Од 25 јануари до 3 февруари – платан
Од 4 до 8 февруари – топола
Од 9 до 18 февруари – смрека
Од 19 до 28 февруари – бор
Од 1 до 10 март – жална врба
Од 11 до 20 март – лимон
21 март – даб
Од 22 до 31 март – лешник
Од 1 до 10 април – мушмула
Од 11 до 20 април – јавор
Од 21 до 30 април – орев
Од 1 до 14 мај – топола
Од 15 до 24 мај – костен
Од 25 мај до 3 јуни – јасен
Од 4 до 13 јуни – грмушка
Од 14 до 23 јуни – смоква
24 јуни – бреза
Од 25 јуни до 4 јули – јаболко
Од 5 до 14 јули – елка
Од 15 до 25 јули – брест
Од 26 јули до 4 август – платан
Од 5 до 13 август – топола
Од 14 до 23 август – смрека
Од 24 август до 2 септември – бор
Од 3 до 12 септември- жална врба
Од 13 до 22 септември – лимон
23 септември – маслинка
Од 24 септември до 3 октомври – лешник
Од 4 до 13 октомври – мушмула
Од 14 до 23 октомври – јавор
Од 24 октомври до 11 ноември – орев
Од 12 до 21 ноември – костен
Од 22 ноември до 1 декември – јасен
Од 2 до 11 декември – грмушка
Од 12 до 21 декември – смоква
22 декември – бука
Од 23 до 31 декември – јаболко
Јаболко (љубов) – најчесто со вита става, харизматични, убави и атрактивни, со интересен надворешен изглед. Флертуваат со задоволство, поседуваат авантуристички дух, постојано се вљубени и уживаат во љубовта. За нив се вели дека се верни, нежни, широкогради, дека поседуваат иновативни способности и обично се посветуваат на наука.
Јасен (амбиција) – необично атрактивни луѓе кои му се радуваат на животот. Често се случува да бидат импулсивни, но од друга страна, се амбициозни, интелигентни, талентирани и верни љубовници. Умеат да си поиграат со судбината на другите луѓе, бидејќи понекогаш умот го надвладува срцето.
Бука (креативност) – имаат изразен вкус, бидејќи постојано се грижат за својот изглед. По природа се материјалисти кои добро умеат да си ги испланираат времето и кариерата. Кога станува збор за пари, важат за големи економисти кои не превземаат непотребен ризик.
Бреза (инспирација) – се радуваат на животот, но важат и за многу атрактивни, елегантни, љубезни и задоволни луѓе кои не претеруваат во ништо. Не ги сакаат вулгарностите ниту, пак, важат за претерано страсни луѓе на кои секогаш им недостига амбиција.
Смрека (сигурност) – за нив се вели дека се убави луѓе кои го сакаат луксузот и убавите нешта. Имаат добро здравје, воопшто не се срамат и секогаш покажуваат тенденција да ги гледаат работите од високо. Важат за многу самоуверени, одлучни и влијателни луѓе.
Костен (искреност) – необично убави луѓе кои не го сакаат притисокот од другите. Најдобро се снаоѓаат во правото и во политиката, бидејќи важат за одлични дипломати. Во друштво бараат повеќе внимание, а несигурноста ја прикриваат со вообразеност. За нив во љубовта важи правилото дека се сака само еднаш во животот.
Платан (верност) – силни, со изразена фигура, одговорни, сакаат да уживаат во се` што им одговара. Важат за оптимисти кои многу им се радуваат на парите и признанијата а од друга страна, не ги поднесуваат осаменоста и луѓето кои изнаоѓаат начин да ги навредат.
Брест (благородност) – овие луѓе се облекуваат со многу вкус, јавно кажуваат што им пречи, не ги забораваат туѓите грешки и никогаш не се одлучуваат да им припаѓаат на другите. Важат за луѓе со голема смисла за хумор.
Смоква (чувствителност) – за овие луѓе се верува дека се многу силни, независни и не дозволуваат каков било вид спротивставувања или расправии со околината. Го сакаат животот, семејството и децата и важат за луѓе со изразена смисла за хумор.
Елка (мистериозност) – важат за луѓе кои имаат вкус, сакаат се` што е убаво и се полни со разбирање за другите. Од друга страна, важат за егоистични и тврдоглави луѓе. Ги сакаат семејството и своите пријатели.
Лешник (исклучителност) – за нив се смета дека се шармантни, скромни, исполнети со разбирање, чувствителни и комплицирани љубовници. Важат за искрени и толерантни партнери кои поседуваат чувство за правда.
Грмушка (добар вкус) – за нив се смета дека се луѓе со ладна убавина и постојано се грижат да не го загубат својот сјај. Водат дисциплиниран живот, а од партнерот постојано бараат признание и искрено пријателство. Сонуваат за необична љубов и ретко се задоволни од своите чувства.
Лимон (сомневање) – тешко прифаќаат се` што им носи животот и не сакаат кога се дел од расправии и проблеми. Умеат да се жртвуваат за пријателите, поседуваат голем талент, но не се доволно амбициозни за да ги реализираат своите идеи.
Јавор (независност) – за нив се смета дека се необични личности со изразена моќ за изразување и оригиналност, иако на моменти се чинат многу плашливи и резервирани. Ретко се нервозни, иако во текот на животот имаат прилично комплициран емотивен живот.
Даб (храброст) – тие се силни, независни и непопустливи во однос на другите. За нив чувствата претставуваат вистинска уметност на доживување, па затоа секогаш стојат цврсто на земја кога станува збор за импресиите. Повеќе дејствуваат отколку што размислуваат.
Маслинка (мудрост) – го сакаат сонцето и оттаму ја црпат енергијата за нежни чувства, разбирање и толеранција со партнерот и со околината. За нив се смета дека се ведри луѓе кои имаат изразено чувство за правда.
Бор (исклучителност) – сакаат убаво друштво и важат за исклучително издржливи луѓе во сите сфери на живеење. Брзо се заљубуваат, но со ист интензитет го губат и интересот за спротивниот пол. Склони се кон промени се` додека не го сретнат идеалниот партнер.
Топола (несигурност) – привлекуваат внимание каде и да се појават, но не се сигурни во себе, па затоа им е потребна голема поддршка за да се олабават пред другите. Важат за добри организатори и филозофи кои сакаат да влијаат на другите.
Мушмула (сензибилитет) – шармантни, весели луѓе кои даваат се` од себе и воопшто не се егоисти. Уживаат да се појавуваат на видни места, го сакаат животот. Важат за страсни љубовници кои секогаш имаат изразени чувства.
Орев (страст) – независни, чудни и контрадикторни луѓе кои често умеат да бидат агресивни и егоцентрични. Важат за добри стратези, но од друга страна, можат да бидат многу љубоморни и страсни без никакви компромиси.
Жална врба (меланхоличност) – важат за меланхолици, но и духовно исполнети и со истанчен вкус. Постојани сонувачи и трагачи по идеална среќа. Тоа се луѓе на кои лесно може да се влијае и кои постојано страдаат во име на љубовта.
Фото- Agroportal.hr, Pexsels