Илина Соколовска македонска гордост
Македонското девојче Илина Соколовска, кое со семејството живее во Германија, е наша гордост, Таа се занимава со ритмичка гимнастика и досега неколкупати била првенец на Германија. Нејзин прв интернационален натпревар беше во Украина, каде го освои златниот медал и беше прогласена за принцеза на Украина. Сите овие златни медали и први места Илина ги освои со македонски пасош.
Низ фотогалерија е прикажан успехот на талентираното 11 годишно дете кое ни го бели образот низ светот.