НОВ УСПЕХ НА СЕСТРИТЕ СОКОЛОВСКИ ВО ГЕРМАНИЈА: Илина и Ева повторно се закитија со златен медал
Македонките Илина и Ева Соколовски, кои со семејството живеат во германија, уште еднаш со злато го потврдија нивниот талент. Најпрво малата Ева (8) викендот настапуваше на републички натпревар по ритмичка гимнастика, кој се одржа во градот Гитерсфлок, и го освои првото место.
-Ева на амо осум години стана првак во својата категорија. На натпреварот во ритмичка гимнастика повторно го освои првото место со 24,417 поени. Ева има осум години и е без кон куренција во нејзината категорија. Таа има голема помош од сестра и Илина. Ева досега имала пет натпреварари и на сите пет го освои првото место. Таа навистина е голем талент во класа на деца до осум години, вели нејзиниот татко Горан Соколовски,
Пострата сестра Илина, која има 11 години, а заради големиот талент се натпреварува со деца од 13, со нејзините способности веќе ги помина границите на Германија, каде иако се натпреваруваше со македонски пасош, беше неколкукратен првак. Илина наскоро заминува за Украина, каде како голем талент ќе се натпреварува.