Пејачката и диџеј Мими Велевска ја освојува Австралија- Настапи со Кејти Пери, сега и со Ники Минаж
Пејачката и диџеј Мими Велевска, од Мелбурн, полека но сигурно ја освојува Австралија. Таа веќе неколку години е познат диџеј низ целаиот континент, а во јануари ќе настапи на турнеја со Ники Минаж, каде покрај диџеј сетовите ќе ја промовира и својата прва песна „Лошите девојки знаат“. Мими и не можеше да сака нешто друго освен музиката и уметноста, бидејки и двајцата родители и се уметници, татко и Томе е музичар и танчер а мајка и Славица е уметник.
-Моите родители ми ја пренесоа љубовта кон музиката. Татко ми е музичар и танчер, а мајка ми е уметник, и тие ме воспитаа во духот на музиката и уметноста. Тоа беше поттик и за мене. Почнав да свирам пијано кога имав четири години, веќе на 11 пеев, а кога имав 17 години се запишав на студии за џез музика, па почнав и да свирам. Имам настапувано на сите најголеми фестивали во Австралија, настапував со TLC, Kејти Пери, Стив Аоки и следната година ќе настапам со Ники Минаж на фестивалот ФОМО 2019.
Колку е тешко да се успее во Австралија?
-Има многу можности да се направи успешна кариера во Австралија, но за да се постигне тоа потребно е учество на големи фестивали и со популарни пејачи. Најважно од се потребно е многу, многу напорна работа.
Што си повеќе диџеј или пејачка или и двете заедно ги спои?
-Работам со полно работно време како диџеј и настапувам на многу настани, фестивали, приватни забави, што значи засега повеќе сум диџеј. Диџеите се многу популарни за настани во Австралија. Но, секако дека и пеам. Се правам за мојата уметност а тоа е создавање музика.
Кажи ми нешто повеќе за твојата песна, дали е тоа твојот стил со кој понатаму ќе градиш кариера?
-Мојот стил на музика што ја пишувам е во стилот на диџеј – понекогаш поп, понекогаш хаус, понекогаш хип- хоп. Песната треба да биде позитивна и да крева. Ете тоа е мојот стил. Добрата забава вообичаено има различни жанрови а и мојот животен стил ќе биде сличен на тоа.
Со твоите настапи се уште си позната само во Австралија, но што е потребно за светска криера?
-Презадоволна сум од она што досега го постигнав, сепак, сè уште треба да ја освојувам Австралија. Прво неа. Но, би сакал да успеам на светско ниво како диџеј и како пејач. Се надевам дека понатаму со добри песни можам да излезам надвор од Австралија и да настапувам низ светот.
Дали имаш идеја нешто од македонскиот мелос да вметнеш во твоите сетови?
-Не знам, можеби. Како тоа што го прави Кирил Џајковски. Може.
Колку често доагаш во Македонија и дали би сакала тука да настапиш?
-Досега 10 пати сум била во Македонија и навистина уживам кога ќе ја посетам. Секако дека би сакала да настапам. Би уживала.