За владетелите и други историски личности се вели дека биле побожни и скромни и тешко е да се помисли дека се занимавале со разврат. Но, не е така. Еве дел од неколку развратни жени низ историјата.
Клеопатра
Никој не се сеќава како се нарекувале големите Фараони, но затоа темпераментот на Клеопатра влегол во историјата. Поради оваа итра убавица прво Цезар а потоа и Марк Антониј, биле подготвени на се, без да се обидуваат да го скротат нејзиниот темперамент. Египетската кралица секогаш знаела што сака од нејзиниот сопруг и можела да го убеди како што си сака. Треба да се забележи и дека многуте ноќи с кралицата ги платиле со живот.
Маркиза де Помпадур
Кој се уште мисли дека надворешниот изглед не е главниот квалитет на човекот? Таа целиот свој живот го потпирала само на овој адут. Нејзиниот план бил да се сретне со кралот и да му ја сврти паметта, а од таква мрежа се уште никој не успеал да се спаси. Лудвиг 15 дури 20 години ја чуваше меѓу неговите фаворитки, фалејќи ја нејзината способност за организација. Според некои податоци таа можела да има дури и по десет пати секс за едно ноќ со различни мажи.
Валерија Месалина
Таа е трета жена на римскиот император Клаудиј. Живеела кратко ама бурно. Преку ноќта таа ги напуштала царските дворови и одела во бордел каде работела како проститутка. Тоа го правела исклучиво од љубов кон искуството, не за пари. За една ноќ таа можела да го подели креветот со екипаж на голем воен брод. Дури се тркала со римска проститутка за бројот на клиенти кои можеле да ги опслужат за една ноќ. Секако победила кралската крв. Кралот ги затворал очите за расипништвото на сопругата се додека не се обидела да побегне со својот љубовник. Тоа се сметало за заговор против царот. Ја убил во една од преубавите градини што и ги подарил царот.
Марија Антоанета
Кралицата на Франција и сопруга на кралот Лудвиг 16, била познат развратница. Царот имал проблем и не можел да ја задоволи и таа без размислување се фрлала во прегратка на други мажи. Таа исчезнувала за време на балови и одела во потрага по мажи, кои можеле да ја задоволат. Записите велат дека таа отишла предалеку, направила инцест со својот син.
Џована Неаполитанска
Полниот со еротика „Декамерон“ самиот Бокачи ја читал на кралицата, која имала 17 години. Таа се разликува од останатите развратници со силната желба да има неколку партнери во кревет во исто време.
Елизавета Петровна
Уште пред да се качи на тронот се прославила со својот слободен карактер. Во својата свита таа собирала испотени мажи без да гледа на нивниот статус- Од авантурите на Елизавета се навредувале дури и куртизаните- по четири љубовници еден по друг се менувале во нејзината спална.
Екатерина Втора
Нејзиното владеење е обележано со серија интимни скандали. Уште во младоста имала околу 30 љубовници. Кога се качила на престолот барањата и се зголемиле. Секој кандидат за креветот требало да помине прво на проба кај нејзините пријателки.
Кнегиња Салтикова
Била жена на генералот Василиј Салтиков. Била многу убава и умна. Таа во текот на ноќта се облекувала во машко одело и влегувала во касарните. Некои историчари велат дека имала над 300 љубовници меѓу војниците.
Фото и текст: Блиц.бг