РИСТЕ РИСТЕСКИ ЗА ПРВ ПАТ НА ТУРНЕЈА НИЗ АВСТРАЛИЈА
Ѕвездата на „Гранд„ продукција, Ристе Ристески од минатата недела е во Австралија на турнеја, заедно со кралот на ромската музика, Ферус Мустафов. Ристе веќе одржа неколку концерти, а таму го прослави и својот 23 роденден. Ова е негово прво патување преку барата и засега тој ги има најубавите и најпозитивните впечатоци.
-Една недела сум тука и досега имаме направено само два концерти во Сиднеј. Засега е преубаво. Имаме направено само два концерти а планирани се осум. Искрено презадоволен сум од позитивната енергија која македонскиот народ овде ја има. Презадоволен сум и од атмосферата што нашинците и јас ја правиме заеднички на концертите. Но, имам уште 25 дена од турнејата, имам за прошетка уште неколку града. Имам и многу пријатели во Австралија, со кои сеуште не сум се сретнал. Како за почеток нависитна сум воодушевен, ама и знам дека ке има уште многу што да видам и да доживеам овде, вели Ристе.
За настапите, тој вели, дека нема некоја разлика од она што му го бараат на настапи во Македонија и што се слуша во Австралија. Со една разлика-таму повеке се бараат патриотските.
-Се што пеам на настапите во Македонија, запеав и овде. Ми е драго што се почитува и негува убавата македонска песна. Но, има една разлика. Кај нас во Македонија помалку се бараат патриотските песни. Овде повеке се пеат. И разбирам зошто е така. Тоа се песни кои допираат длабоко во душата и уште повеке ја будат носталгичноста кон татковината. Се бараат сите патриотки песни што ги знаеме и старите македонски песни кои се пеат со генерации. Се бараат песни од сите краеви на Македонија. Се разбира, ги пеев „Бисер балкански“, „Една желба имам“, „Тугината пуста да остане“ и многу други, вели пејачот.
Посетата на Австралија Ристе ќе ја искористи и пред нашинците да ги претстави плановите за неговата понатамошна кариера, која со победата на Шоуто „Ѕвездите на Гранд“ веќе ги помина границите на Македонија.
-Сега за сега имам една студиска песна која се вика „Добро утро тајно“, која е на српски јазик. Во текот на летото ќе направам промоција на ште две песни на македонски јазик. Тие песни секако дека ќе бидат со спотови. Во меѓувреме, додека јас сум во Австралија песните се довршуваат. До крајот на јуни веке се вракам во Македонија и продолжувам со веке договорените настапи низ летните дискотеки. Секако, ке има уште многу новини од мене, па ова е само почеток од она што го планирам за мојата кариера. Но, има време, вели тој.
Штотуку пристихна во Австралија Ристе го прослави и својот 23 роденден. Организаторот му приредил изненадување.
-Само што стасав во Австралија и следниот ден ми беше роденден. Прв пат роденден тука да славам. Бидејки јас сеуште не бев одморен од долгиот пат изненадување ми приредија лугето од организацијата. Со целата екипа излеговме низ Сиднеј и во еден ресторан ми донесоа торта, па дував свеки и пиевме вино. Во секој случај им благодарам за овој необичен роденден, односно мој прв роденден што го славам во Австралија. Нормално дека посакав здравје срека и љубов, вели пејачот.