„Роса 2018“- Распеана фолк елита
Вчера во Македонската опера и балет по 19. пат се одржа фолк фестивалот „Роса“ , а по фестивалот роденденската торта се пресече во чест на 25 години радио „Роса“, кое е организатор на фестивалот. Се пееше во живо, со оркестарот „Браќа Нуне“.
Годинава, можеби како никогаш досега на фестивалската сцена се појавија најдобрите имиња од фолкот- Миле Кузмановски, Јордан Митев, Горан Кукиќ, , Душко Ѓеоргиевски, Наум Петрески, Благоја Грујовски, Дамјан Стојановски, Сања Сани, Зуица Лазова, Анета Наковска,Сузана Гавазова, Анета Мицевска, Стојне Николова, Сузана Спасовска, Благица Павловска, Кате „Соната“ и Далибор Ѓошиќ.
Фото: В. Тануровски.