Саидо Берахино, нападачот на „Стоук сити“ за месеци и пол доби три деца од три различни жени. Поради ова светските медиуми пишуваат дека иако за 900 дена постигнал само два гола, сепак, тој постигнал хет-трик во кревет.
-Два гола за 913 дена а три деца за 45 дена, пишува The Sun.
Неговата поранешна свршеница Стефанија Кристофору на 30 мај го родила синот Коста. Поранешната девојка Челзи Лавлејс на 17 јули ја родила ќерката Ана Мари. Тој ги призна и двете деца. Но, на 15 јули медицинска сестра тврди дека од него родила дете. Потврдување на татковството е во тек.