Сани и Мартин- две години турбулентна љубов
Фолк пејачката Сања Гроздановска- Сани вечерва прослави две години од брак со нејзиниот сопруг Мартин. Славењето на љубовта почна во спа во еден скопски хотел а заврши со романтична вечера.
-Заедничкиот живот си носи турбуленции, но да не се тие бракот би бил едно досадно секојдневие. Ние си правиме интересна да ни биде поговорката- кој се тепа, тој се сака. Од таа наша бркотница се роди едно прекрасно џуџе, тоа е нашата ќеркичка Ева. Е сега, ако преживеале господин и госпоѓа Смит, и се сакале највеќе на свет, ќе преживееме и ние, велат Сани и Мартин.
На овој датум пред две години Мартин ја побара раката на Сани. Минатата година во февруари беше свршувачката а лани на овој ден направија свадба.