Кога станува збор за орално задоволство на вашата партнерка, пред се треба да бидете трпеливи. Започнете со масажа на телото, практикувајте ароматизирани масла со вкусови и возбудлив ефект кои го загреваат телото. Посебно внимание посветете на клиторисот. Многу жени за да доживеат оргазам имаат потреба од дополнителна стимулација на клиторисот. Обидете се со јазикот да правите кружни движења, горе-долу, лево-десно, се додека не забележите како се извива и спушта наизменично нејзиното тело.
Вашиот јазик е одлична алатка, но клучот за одличен орален секс се буквално вашите прсти. Едно притискање на тоа “магично копче” рефлектира блаженство кај вашата сакана. Најважно е да го пратите говорот на нејзиното тело и да го усогласите движењето на јазикот и прстите. Во оваа комбинација може добро да ви дојде некоја секси играчка од типот на vibro bulet, бидејќи вибрацијата дополнително ги стимулира ерогените зони.
Многу мажи мислат дека кога ќе се спомене орален секс, се мисли само на оргазмичко доживување кое вклучува само уста и јазик. Но, доколку имате таков пристап треба да бидете подготвени дека ќе ви треба повеќе време и одложување на оргазмот кај партнерката. Користењето на вашите прсти или секси додатоци може да го зголеми интензитетот и да предизвика мулти оргазмички доживувања кај вашата партнерка.
Знаете дека читањето мисли е преценета работа и токму поради тоа најдобар начин за да дознаете што претставува задоволство за вашата партнерка треба или да знаете да го читате говорот на нејзиното тело или да ја прашате. Вашата посветеност ќе ве зближи повеќе и вашата партнерка ќе се чувствува неверојатно вредно бидејќи се грижите за нејзините чувства.
Клиторисот најмногу го заслужува вашето внимание, но не ги заборавајте лабиите (срамните усни ), тие се многу чувствителни на допир бидејќи се полни со нервни завршетоци. Интензитетот на нивното стимулирање е различен кај секоја жена, почитувајте ги нејзините желби и третирајте ја како кралица.
Научете да и покажете на вашата сакана дека и пружате орално задоволство бидејќи и вие во тоа уживајте, не правете го тоа од мода или дека треба да ви возврати. Жените ја ценат искреноста и времето кое им го посветувате за задоволство, бидете ентузијасти, убавото со убаво се враќа.
Еден оргазам е одличен, но мултиоргазмичкото доживување е фантастично. Доколку на вашата партнерка после првиот оргазам и треба време за следниот круг, фокусирајте го вашето внимание на другите помалку чувствителни ерогени зони ( пр: гради, брадавици … ) набрзо и двајцата ќе бидете вклучени во вашата заедничка интимна игра, овојпат многу посензитивна.
СУЗАНА МИЛИЌ