Сексуалноста треба да се развива исто како и сите други аспекти од вашиот живот , затоа откривајте ги вашите ерогени зони и препуштете и се на фантазијата. Ова ќе ви помогне да ја развивате вашата сексуална самосвесност и контрола врз сопствените гениталии. За припадничките од понежниот пол особено е важно, доколку имаат проблем со доживувањето оргазам, дека мастурбацијата е првиот чекор. Покрај оргазмот, со мастурбацијата имате и други придобивки: согорувате калории, го намалувате стресот, крвниот притисок и ја смирувате агресијата.
Кога сте опуштени, вие сте повеќе свесни за вашата сексуална енергија и се чувствувате послободни сексуално да одговорите на секој предизвик. Проширете ја вашата дефиниција за секс: орален секс, взаемна мастурбација, споделување нежности ( преку зборови и допири ), внесете секси играчки, практикувајте еротска масажа, променете го местото каде што водите љубов…обидете се на разни начини да допрете до вашите сексуални чувства.
Потребата да се прифати партнерот со сите свои маани и доблести, физички и психички, ќе ве одведе едно скалило погоре во вашата интима. Правилото дека не сме порно ѕвезди, фото-модели, билдери…и фактот дека никој не е совршен, треба да го прифатите како различности кои меѓусебно ги цените и кои ги прифаќате, со цел да се чувствувате посебно, а не засрамено бидејќи срамот создава бариери наместо блискост.
Не заборавајте на смислата за хумор, особено во ситуации кога на едниот од вас му е непријатно: губење на ерекција, циклус…направете шега, но без премногу смеа, сепак станува збор за интима. Отворено разговарајте на тема сексуалност, споделете го тоа што го чувствувате, побарајте мислење за нешто што сте прочитале но не сте го искусиле, речникот на сексуалноста не е секогаш валкан и безобразен.
Превземете акција, или редоследот би бил: желба-акција-реакција. Доколку постојано очекувате вие да бидете изненадени или пак ви треба посебно расположение за да превземете нешто, вашиот сексуален живот ќе страда. Откако ќе ја постигнете целта, вашиот пасивен сексуален живот да премине во активен, ќе бидете изненадени колку природно ќе се зголеми вашиот сексуален нагон.
Одржувајте комуникација со партнерот, молчењето не е секогаш злато! Доколку има нешто што ве вознемирува или ви е непријатно, болно, или пак ве прави среќни и исполнети, кажете и/му, така ќе добиете взаемна блискост и вистински третман.
Најважна карактеристика за успешен, забавен и здрав сексуален живот пред се е самопочитувањето и почитувањето на партнерот. Ако дозволите да се препуштите на бестрашна возбуда со вашиот партнер, ќе имате голема еволуција во вашиот сексуален живот. Никогаш не дозволувајте вашата несигурност, културните разлики, ставовите на другите, дефинициите и очекувањата за вас или вашата сексуалност, негативно да влијаат на вашата психа, бидејќи тоа ќе се одрази на квалитетот на вашиот сексуален живот.
За крај, чашата горе и наздравете за среќен и здрав сексуален живот!