Сексот за задоволство единствено е способност на човекот, сите други суштества го доживуваат само како нагон. Со додавање на фантазија и креативност придонесувате за вашата среќа, градите здрава партнерска врска и водите грижа за вашето здравје.
За да доживеете вистинско сексуално задоволство пред се потребно е да се сакате себе си, физички, емоционално и ментално; да немате предрасуди и да го запознаете своето тело-мастурбирањето е основниот клуч до врвното задоволство. Сексуалните совети се потребни секогаш кога чувствувате дека имате потреба да направите нешто ново или кога се прашувате дали може да преземете нешто и да биде подобро.
Совети кои треба да ги практикува секоја жена:
Понекогаш е потребно да се фокусирате на себе си и на своите потреби. Бидете себични кон своите потреби, опуштете се и уживајте, грижите оставете ги за потоа. Долната облека може да ви помогне да се зголеми довербата во спалната соба. Важно е тоа што го носите вам да ви биде пријатно, да се чувствувате секси и моќно, доколку ви создава непријатност и ве иритира сигурно нема да имате незаборавен секс!
Практикувајте да имате време за предигра. Брзата предигра е лоша навика. Долгата предигра ви го загрева телото, допирот на телото, оралниот секс…ве зближуваат, сето ова е интензивно искуство за двајцата партнери.
Обидете се да го надминете табуто дека порно филмови гледаат само мажите, побарајте нешто што и на двајцата ќе ви се допадне, ова може да ве изненади колку може да биде забавно.
Понекогаш играјте малку грубо, ова не значи дека треба да направите класично садо-мазо шоу ( ако тоа не ве возбдува ), но маска и лисици понекогаш може да ве одведат да изрежирате „филм“ за кој претходно не сте верувале дека сте способни.
Користете лубрикант и подмачкувајте се секогаш кога имате потреба. Лубрикантот е револуционерен изум во сексуалниот живот, само една капка може да биде разлика помеѓу непријатност и екстаза. Многу фактори може да бидат причина за вагинална сувост, но не мора да се измачувате со тоа. Додавањето лубрикант во вообичаената секси игра може да го интензивира задоволството, да ја зголеми чувствителноста и да ја продолжи сексуалната активност.
Внимавајте, има работи кои никогаш не треба да ги правите додека трае сексуалната игра:
Коментарите кои содржат критика оставете ги за споделување ден потоа, бидејќи ќе се соочите со моментална импотенција, а тоа за никого не добро.
Не разговарајте за вашата работа, бивши љубовници, членови од семејството…ова се теми кои знаат да иритираат и да бидат здодевни, а сексот е забава.
Никогаш не лажете дека сте доживеале оргазам, ако не му ја кажете вистината, вашиот партнер нема да знае дека треба нешто да промени, лагата нема да ви донесе задоволство. Кога ве прашува, секогаш бидете искрени, бидејќи тој се обидува да ги задоволи вашите потреби. Не се оптоварувајте со оргазмот, бидејќи доколку вие се трудите да го „уловите“ тоа ќе ве направи напнати и бесни, а тоа е пречка во задоволството.
Бидете секогаш подготвени, ова значи дека водите грижа за вашата хигиена!
СУЗАНА МИЛИЌ