Во Србија има естрада, во Македонија за жал не. Во Србија пејачите заработуваат баснословни суми од настапи, во Македонија за жал не. Во Србија пејачите живеат во вили и дворци, кои по цената може да им конкурираат и на светските ѕвезди, во Македонија за жал не. Ова се само неколку споредби како е во соседството па како е кај нас. Српскиот портал kurir.rs има објавено листа на најскапи вили на пејачи, чија продажна вредност е како да живеат во Холивуд, а не во Србија.
Фолк пејачката Вера Матиќ има најскап дом. Вилата е на Дедиње и чини 3,8 милиони евра.
Горан Бреговиќ има дом во Сењак, кој чини 3,6 милиони евра.
Дворецот на фолк ѕвездата Цеца е сместен на Дедиње и има вредност од 2,5 милиони евра
Лепа Брена живее на Бежанијска коса во дворец од 1,5 милиони евра.
Фолк пејачот Шабан Шаулиќ живее на Дедиње и вредност на неговиот дом е 1,5 милиони евра.
Фолкерот Милош Бојаниќ живее во Нови Сад и неговиот дом чини 1.5 милиони евра.
Фолк пејачот Драган Којиќ- Кеба, познат и како свекор на Северина, живее на Бежаниска коса а вилата чини 1.2 милиони евра.
Поп пејачот Вук Моб живее во Жарково со вила од 1 милион евра.
Турбо фолкерот на Миле Китиќ му донесе вила од 800 илјади евра на Лекино брдо.
Фолк пејачката Гоца Божиновска живее во населбата Сурчин во дом од 700 илјади евра.
Фолк пејачката Сека Алексиќ живее во Стара Пазова во вила од половина милион евра.
Наташа Беквалац живее во Нови Сад во куќа која чини 400 илјади евра.
Извор и фото: kurir.rs