Сузе во светот на бајките
Шарено, лудо и складно- така најкусо може да се опише естетиката на Алаќати во Турција, каде летува Сузана Турунџиева. Градот е како сказна, многу бои, уште повеќе компактост, во секое катче можеш да се вљубиш и да се вгнездиш.
„Со најголема одговорност тврдам дека Алаќати е најуметничкото и најоткаченото градче во Турција“- вели Сузе која совршено се вклопи во овој нестварен амбиент.