Родриго Алвес (35), кој е познат како живиот Кен, е човек со најмногу пластични операции. За сите корекции тој веќе потрошил торба со пари, а сега раскажува што се крие зад желбата за постојани трансформации. Тој моментално живее во Лондон, роден е во Бразил. а досега поминал низ 58 операции. Го сменил обликот на носот 10 пати, направил лифтинг, ставил импланти во бутовите, рацете и градите, па дури и отстранил четири ребра. Како резултат на тоа, тој е сличен на популарната пластична кукла.
Родриго во детството имал грбав нос и испакнат стомак. Страдал од хормонално пореметување – гинекомастија, која предизвикала абнормален раст на неговите гради.Кога имал 16 години имал гради а да не му се исмеваат соучениците, на 17 години ја направил првата операција – намалување на градите.
„Не сакам да мислам на минатото, тоа ме вознемирува. Како дете се чувствував осамен. Никој не сакаше да биде пријател со мене”, вели тој и додава: Потоа не можев да престанам.
Операцијата по операцијата и Родриго стана познат поради тоа и се појави на насловните страници на списанијата. Заработи пари и направи уште операции . Вели дека претрпел многу болка и речиси ќе умрел по една од многуте интервенции. По шестата операција на носот не можел да дише, а лицето почнало да гние, почнала некрозата. Живиот Кен беше однесен во болница со дупка во носот и закана од гангрена. Но, тоа не е најлошото нешто што му се случило. Еден ден тој одлучил да стави гел во рамениците, за да изгледа како да има мускули.
„Фатив толку сериозна инфекција, околу еден месец не можев да ги движам рацете, а лекарите размислуваа за ампутација.Плачев секој ден. Едноставно се молев и плачев. Како стасав до таму, да ми ја пресечат раката”, се сеќава Родриго.
Така, конечно се свртел кон психологот. Пред пет години му била дијагностицирана дисморфофобија – ментално растројство, при што човек се фокусира на мали дефекти на телото или има страв од сопствената грдоста. Но, тој сеуште сака да продолжи да го менува своето тело и дури да ја дочека староста во женското тело.
„Јас ќе го направам она што Кетлин Џенер го направи на 50 години. Повеќе сакам да бидам секси кучка”, објаснува Родриго.
Извор и фото: zdrave.to