Хрватска се прости од Оливер Драгојевиќ
Вчера од Сплит, денес од Вела Лука, иљадници граѓани, љубители на неговата песна, пријатели, колеги и семејството се простија од Оливер Драгојевиќ. Со многу почит и љубов, достоинствено, Хрватска покажа на дело колку го сака овој вонсериски музичар. Голем во талентот, а крајно едноставен како човек, Оливер остави зад себе неверојатна дискографија, евергрини со кои растевме, се вљубувавме и старееме. „Опрости ми папе“, „Веруј у Љубав“, „Молитва за Магдалену“, „Ноктурно“, „Мој галебе“, „Цесарица“, „Трагови у бескрају“, „Мој липи анѓеле“…е само дел од репертоарот на Оливер, засекогаш вграден во срцата на милонската публика.
Последна почит на Оливер му оддадоа многу негови колеги како Џибони, Петар Грашо, Тончи Хуљиќ и многу други.
Фото- Том Дубравец, Паун Пауновиќ (jutarnji.hr/slobodnadalmacija.hr)