Шпанската кралица Летиција уште еднаш покажа зошто ја викаат дама со стил
Шпанската кралица Летиција уште еднаш докажа зошто сите ја сметаат за најубаво облечена дама од кралскиот двор. Се појави на свеченото отварање на новата сезона на театарот „Реал“ во Мадрид и сите ги воодушеви во темно сината креација.
Беше во друштво со сопругот, кралот Филип Шести да ја гледа премиерата на трагедијата „Фауст“. Темносиниот комбинезон со корсет, кој го изработи шпанскиот дизајнер Педро дел Хиеро, кој е познат по креациите со едноставен дизајн. Носеше и чанта од Филип Варел, обетки од Булгари и чевли од Нина Ричи.
Извор и фото: Profimedia