Без оглед на тоа колку сте зафатени, се препорачува кратка пауза, одалечување од компјутерот, на секои 20 минути. Покрај тоа, потребно е да обезбедите доволна оддалеченост од екранот поради превенција од глауком. Кај долготрајното седење пред компјутер се препорачува трепкање. Така очниот капак може да ја исчисти површината на рожницата, односно од микроорганизмите кои се насобрале и да ги навлажните очите кои се сушат од зрачењето на екранот.
Препорачлива е храна која е добра за здравјето на очите. Познато е дека витаминот Б1 ги храни оптичките нерви, па затоа неговиот недостиг предизвикува лесно заморување на очите. Со витамин Б1 изобилуваат месото, гравот, џигерите, оревкастите плодови и житарките. Недостигот од Б2 предизвикува кератитис (воспаление на рожницата на окото), па затоа е препорачливо во исхраната да се внесува повеќе сусам, соја, млеко и друга храна богата со овој витамин.
Фото-Pexels