R.I.P. Карл Лагерфелд : Дебелите жени се за пред телевизор
Карл Лагерфелд (1933-2019) прославениот германски моден дизајнер, креативниот директор на „Шанел“, човек стил, уметник, фотограф и „чудак“, освен по феноменални креации ќе се памети и по интригантни изјави, особено поврзани со женските облини.
„Жените со поголема тежина немаат што да бараат на модните писти. Имате добри дебели жени, кои со кеса чипс седат пред телевизорот и зборуваат дека слабите манекенки се грозни“, е изјавата на Лагерфелд на дебатата поврзана со анорексија на топ- моделите.
„Темата е апсурдна. Во центарот на високата мода се сништата и илузиите“, завршил Лагерфелд.
Фото- Fashionisers.com
Коментарите се затворени