Љубовта кон одредена животинска раса, она што вие ќе си го одберете за домашен миленик, многу зборува за најскриените црти на вашиот карактер, за односот кон другите, но и за тоа како се доживувате себеси.
Постојат неколку теории дека за жената кучето е симбол за маж. Ако има голем пес, посебно овчар, значи дека во мажот бара заштитник и потпора. Сопственичките на булдози бараат преданост, смисла за хумор и доверба. Тие особини ќе бидат клучни и при избор на маж.
Кога жената има булдог, праќа порака дека има силен карактер и желба да ги предизвикува мажите.
Ситните раси ќе ви кажат дека нивната сопственичка бара премногу, и скоро никој не е во состојба да ги исполни нејзините очекувања.
Со изборот на куче и мажите индиректно кажуваат какви се.
Тивкиот и повлечен службеник со бултериер е всушност полн со енергија, на моменти агресивен, сопственик на шкотски овчар е сентиментален , но и храбар во одбрана на семејството.
Сопствениците на ротфајлер се вечно осамени, а заедничката особина на сите сопственици на кучиња е нетолеранција кон другите и силна потреба за контрола над блиските. Оние кои сакаат кучиња обично премногу ја сакаат својата слобода и живот без обврски.
Мачките исто така праќаат одредена порака за своите сопственици. Жена која чува мачка е интелигентна, женствена и љубезна личности. Освен тоа, за мачки ќе се одлучат жени кои не поднесуваат „прецврста прегратка“.
Мачињата се често замена за деца a мажите со мачки сакаат независни жени, а самците со мачки ќе останат неженети -тие својата љубов (четвороножна) веќе ја открија.
Доколку мажите мразат мачки, знајте дека не сакаат ни жени.Нетрпеливоста која ја покажувата кон нив го покажува само нивниот однос и став кон женскиот род а ги открива и нивните прикриени сексуални склоности. Ако жена не поднесува мачка, значи дека ја негира својата женственост.
Ако во станот на својот партнер затекнавте желка, значи дека тој копнее по стабилна и квалитетна врска, полна со љубов. Личностите кои не ги поднесуваат насочени се сами на себе, напнати се и зборлести, затоа бегајте од нив.
Нежните личности на кои им е потребна заштита, љубов и нежност за домашен миленик ќе изберат хрчаче. Оние кои не ги поднесуваат, немаат разбрање за туѓите слабости.
Меланхоличните личности кои по правило живеат во мирна и тивка околина сакаат гласни папагали. Нервозни од работата и стресот„исцедени“ луѓе, не можат да сфатат како некој може да ги сака овие „пеачи“.
Фото- Pexels